Клетников: Договорот со „Бехтел и Енка“ е варварство

„Договорот со Бехтел и Енка е варварство. Од етички план е катастрофа.“ – вели писателот Ефтим Клетников, од „Македонски манифест“.

„Kако што доаѓаат работите, не е тешко да се насети, дека нешто се прави плански оваа земја да се срози и финансиски и економски, и да биде некоја колонија на некого. Сето ова ми личи на властодршко варварско. Ова се што се случува во државата, не само со Бехтел и Енка, туку со сите овие случувања и во Судски совет, и со покачувањето на платите на функционерите, и многу други скандали“ – рече Ефтим Клетников.

Клетников, цитирајќи го Достоевски, рече: „За такви луѓе, не само што треба да им биде срам да живеат, туку да им биде срам и да умрат, бидејќи треба да им биде срам и да умрат“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста