Преку ноќ ценовен шок во маркетите – граѓаните гневни по последниот бран поскапувања

Преку ноќ ценовен шок во маркетите – граѓаните гневни по последниот бран поскапувања

До полноќ 90, денеска 100 чини чипсот, јогуртот скокна од 70, на 85 денари, буквално преку ноќ еурокремот, бонбоните и мастиките исто така добија нова, повисока цена, па изутрината бладата им посака „убав ден“ на граѓаните.   

По владината одлука трговците реагираа експресно, па така речиси на сите прехранбени производи во маркетите има залепено поскапи цени. Кај некои драстично, согласно одлуката за зголемување на данокот на додадена вредност на 10%. Граѓаните се безмалку шокирани, но и револтирани што преку ноќ поскапе се.

Дополнително што револтира е фактот што власта го криеше списокот за производите кои поскапеа. Тој е огромен и содржи безмалку се. Од брашното, џигерот, сладоледот, замрзната риба, млечните намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдамер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење.

Нови повисоки цени имаат и чипсот, јогуртот, сирењето и кашкавалот. Алфа направи обиколка во неколку поголеми маркети, па така листата на производи кои поскапуваат како да нема крај. Поскапо ќе се продаваат и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, апетисаните, конзервирана храна, тортиљи, нудли. Поскапува и храната за децата, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, бонбоните.

По нови повисоки цени ќе се продваат и сите чаеви, тропското овошје, сите видови сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, компотите, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините. Со зголемување на ДДВ-то за храната власта очекува да се соберат дополнителни 70 милиони евра за пополнување на буџетската дупка.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )