Македонија не се движи во правилна насока – сметаат граѓаните

Македонија не се движи во правилна насока – сметаат граѓаните

Дури 66,4 проценти од граѓаните сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока, ова го покажува најновата анкета на Маркет вижн.

Според резултатите од анкетираните повеќе од половина од испитаниците сметаат дека Македонија не е на добар пат. Дека Македонија стои во место се изјасниле 23,1 отсто, а позитивно само 7,7.

Ова е само последната анкета од низата кои беа објавени во последниве месеци, каде граѓаните речиси за сите прашања се изјаснуваат негативно, односно се незадоволни од безмалку сите сфери во живеењето.

Како најголем проблем во секојдневието, барем според резултатите, граѓаните ги посочуваат проблемите со владеење на правото, односно криминалот и корупцијата.

Тоа не е изненадување, особено ако се земе предвид фактот дека секојдневно јавноста е сведок на различни афери, од непотизам, тендери во четри очи, закони со кои се зголемува неказнивоста, нормално е граѓаните воопшто и да немаат доверба во правниот систем.

Граѓаните од година на година се помалку веруваат на правниот систем, така на прашањето Дали сметате дека корупцијата во нашата држава расте и дали е повисока од минатата година, дури 85,3 проценти од анкетираните се изјасниле ДА, 8,4 НЕ, а 6,4 проценти кажале НЕ ЗНАМ

Покрај криминалот и корупцијата за кои 27,6 проценти се изјасниле дека е најголем проблем, на второ место е намалената стопанкса активност со 18,5 отсто, веднаш по намалената стопанкса активност е инфлацијата со 17,2 %, невработеност како проблем ја гледаат 9,1 отсто.

ОД ова прашање и понудените одговори може да се заклучи дека приближно половина или 49,5% од испитаниците сметаат дека меѓу најголемите проблеми во државата се состојбите во економијата и намалената стопанска активност.

Над 90% од испитаниците сметаат дека цените на производите и понатаму растат. Во исто време 42,3% од испитаниците очекуваат во следните шест месеци нивниот животен стандард да се влоши, односно речиси 80% од испитаниците не очекуваат подобрувања во делот на економијата во следните 6 месеци. (слика од анкета)

Анкетата е спроведена телефонски на 1200 испитаници од Маркет Вижн, за потребите на МКД.мк. Истата е спорведена во период од 18 до 25 септември, со маргина на грешка +-3%..

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )