Повторно нема целосна терапија за болните на Онкологија, министерот Меџити како да заборави што ветуваше пред еден месец

Повторно нема целосна терапија за болните на Онкологија, министерот Меџити како да заборави што ветуваше пред еден месец

Онколошките пацинети повторно оставени на цедило. Нема биолошка терапија на Клиниката за онкологија. Болни со разни дијагнози, освен што се “осудени” да чекаат со часови за прегледи и хемо терапија, со неизвесност ги чекаат и потребните цитостатици. Една од нив е Елизабета Ристовска, разочарана и гневна ги прашува после скандалот со онкологија дали здравствените власти на овој начин ќе ја вратат довербата во здравствениот систем?

Министерот за здравство Фатмир Меџити призна дека има недостиг на биолошка терапија иако пред месец дена уверуваа заедно со директорката на Клиниката д-р Клисаровска дека терапија има и ќе има за сите болни од канцер.

Скандалот онкологија веќе цел месец ја тресе јавноста.  Се уштесе бара бара вистината. Досега од институциите нема ништо конкретно. Обвинителството бара докази. А граѓаните ги чекаат имињата и презимињата на виновниците.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )