Обединета албанска опозиција има шанси да го „бутне“ ДУИ

Обединета албанска опозиција има шанси да го „бутне“ ДУИ

Албанската опозиција се собира на купче. Партиите на Касами, Гаши и Меџити заедно ќе се борат на претседателските избори, додека тие прават фронт, нови партии од албанскиот блок никнуваат како печурки после дожд.

Според дел од аналитичарите, ова окрупнување на албанската опозиција претставува закана за ДУИ, кои се на власт 20 години.

Претседателот на институтот за демократија, Марко Трошановски за Алфа вели дека албанското окрупнување има за цел ослабнување на партијата на интегративците кои последниов период ги следат се повеќе коруптивни скандали, и тоа придонесува за отоврено поле на албанската опозиција за борбата за гласови.

  • Дали станува збор за окрупнување, се разбира дека во интерес е на опозицијата, силната ДУИ, да што повеќе биде единствена за да можат да направат некаков резултат против нив на изборите. Со оглед на тоа што ДУИ е 20 години, корупциските скандали изминатиов период значително нараснаа, иако без никаков судски и обвинителски епилог, така што голем дел од електроатот не се идентификува  не само со ДУИ туку со било која политичка партија во значителен процент што остава многу простор за опозициско делување“ вели Трошановски за Алфа.

Здружените сили на лабанските партии против ДУИ, како и долгото владеење на партијата на Ахмети се реална закана за губење на гласови на идните избори, сметаат експертите. Трошановски вели дека кога некој толку долго е на власт, секако дека постои замор кај народот, дури и кај симпатизерите и поддржувачите камо ли кај неопределените гласачи.

Додека обединетиот албански блок се подготвува за избори, албанските партии се цепкаат и никнуваат нови. Прво од ДУИ излезе Меџити и направи свое движење, И Скендер Реџепи кој беше дел од Алтернатива, реши да дејствува како независен пратеник, за потоа и тој да формира своја партија. А и довчерашниот втор човек на БЕСА Аријанит Хоџа, реши да си ја проба среќата со своја партија.

Според дел од аналитиачрит, индикативно е појавувањето на нови партии токму на неколку месеци пред избори.

Трошановски се сомнева дека партиите се инструирани од одредени центри на моќ со цел да го разбијат политичкиот капитал на албанската за да може да направи нешто позначително за изборите.

  • Веројатноста дека се поттикнати од некаов политички центар е голема. Овие помали партии кои се јавуваат на неколку месеци пред избори, речиси никогаш или многу ретко имаат за цел автентична, нова,посветена, политичка борба и понуда туку се замешателство со поинаква цел, да разбијат опозициско делување, вели Трошановски.

Инаку освен Меџити кој излезе од ДУИ, двете нови партии кои се формирани се од членови на партиите БЕСА и Алатернатива, кои заедно решија да се борат на претседателските избори.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )