Обвинителството ги бара снимките од надзорните камери на „Ист Гејт“ во врска со вчерашното пукање

Обвинителството денеска соопшти дека се собираат докази и дека се побарани снимките од повеќе локации во трговскиот центар Ист гејт и надвор од него, по вчерашното пукање на паркингот во трговскиот.

  • Во врска со настанот во ТЦ Ист гејт, во текот на денот издадени повеќе наредби со цел идентификација на сторителите. Издадена е наредба за обезбедување на снимки од видео надзор на повеќе локации во и надвор од трговскиот центар. Предмет на вештачење и проверки е и возилото кое беше пронајдено опожарено. Се преземаат и други дејствија за расчистување на настанот и мотивите“, велат од Обвинителството.

Пукањето се случи вчера околу 16 часот во гаражите на трговскиот центар во Скопје. Медиумите објавија дека две маскирани лица со фантомки на главите, вооружени со пиштоли со пригушувачи и автоматски пушки, вчера попладнето пукале кон Раде Трајковски – Штекли, но тој останал неповреден.

  • Едно лице кое било со патничко возило „ауди“, пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило. Во возилото од кое се пукало, според пријавеното, имало уште едно лице. Повредени лица нема“, рекоа од МВР по инцидентот.
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста