Нова трагедија во битолската болница каде почина штотуку родено бебе

Битола завиена во црно, за неполн месец уште еден смртен случај ја потресе Македонија, родилка го загубила своето дете веднаш по породувањето. Смртта на бебето ја потврди и минстерот за здравство Меџити кој отиде во битолската болница. Тој најави дека утре ќе биде испратен Државен здравствен санитарен инспекторат, составен од Комисија од инспектори кои ќе ги утврдат причините за смртта на новороденчето.

Затоа сме тука денеска да видиме од блиску, што и како бил случајот, утре ќе пратиме од ДЗСИ комисија од инспектори и ќе ни утврдат точно што била причината, вели Меџити.

Информациите се дека станува збор за млада мајка од 24 години на која ова и било прво дете кое според информациите било живо родено.

Како што видов во првичниот извештај, детето било живо родено со … имало белодробно срцево оживување и понатаму се ќе кажеме кога ќе имаме дефинитивни резултати од институциите кои се одговорни, вели Меџити.

Министерот вели ако имало вина ќе имало и одговорност. Ова е втор случај во три недели родители да ги губат своите деца,токму во болницата во Битола. Претходно животот таму го загуби 6 годишната Јана, која почина откако и била дадена инфузија. Надлежните веднаш исклучија лекраска грешка, а причините кои ги споделија со јавносрта беа дека девојчето починало како резултат на вирусна инфекција на срцевиот мускул. Министерот денеска не даде коментар за овој случај, туку кратко кажа дека го чекале обдукцискиот налог.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста