Речиси 150.000 евра пари на граѓаните за кафе и храна: За власта тоа не било луксуз, туку нормален трошок

144 илјави евра државни пари за еспресо, свежо пилешко месо, сувомеснати производи, овошје и зеленчук. Речиси 150.000 евра вреди тендерот на Владата за набавка на првокласна луксузна храна. Сепак, ова за власта не бил никаков луксуз, туку нормални трошоци. Секретарот за јавни политики во Владата, Васко Кичевски, од партиската говорница на СДСМ го правдаше овој тендер. Имало многу министерства и вработени па нормална била оваа јавна набавка.

-Оние кои што се 140.000 евра ако ги поделите по сите министерства се што, ги набројавте наминирниците, тоа не гледам дека е некаков луксуз. Пилешко месо рековте или не знам… еспресо кафе, вие пиете еспресо кафе, секој граѓанин може да си дозволи еспресо кафе. Мислам дека тоа не е некој голем луксуз, посебно за сите институции, збориме за голем број на вработени, збориме за голем број на министерства, вели Кичевски.

Според лидерот на опозицијата овој тендер покажувал дека власта воопшто не размислува колку тешко живеат обичните граѓани и на овој начин била покажана нејзината негрижа за животот на луѓето.

-Тоа е уште еден доказ за безобразлукот на Владата на ДУИ поддржана од малцинскиот партнер СДСМ, посебно во месец на рамазански пости, во месец на велигденски пости да излегува еден ваков тендер, ваква јавна набавка, кога луѓето навистина треба да се воздржат ако ништо друго. Бидејќи скромно просечно македонско семејство, без разлика дали станува збор за Македонци, Албанци или останати, едвај кубури од крај до крај да поврзе во месецот, а тие гледате како се луксузираат, вели Кичевски.

Најмногу пари, Владата и нејзините институции ќе трошат за еспресо и други видови кафе, односно над 48.000 евра, потоа за овошје повеќе од 34.200 евра.  29.000 евра планирано е да се потрошат за свежо пилешко месо, 24.000 евра сувомеснати производи. Владината служба склучила два договори со вкупна вредност од околу 9.400 евра за снабдување со овошје и зеленчук за двете државни вили во Охрид.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста