Николоски ќе алармира во Брисел за проблемите со корупцијата и криминалот во Македонија

Неефикасната борба против корупцијата и криминалот и уцените од Бугарија се најголемите пречки на патот кон Европската Унија. Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски за моменталната состојба во државава ќе алармира и во Брисел. По средбата со директорката за Западен Балкан задолжена за соседство и преговори за проширување, Микела Матуела на која се разговарало за улогата на собранискиот Совет, оцени дека ова тело ќе игра голема улога во обезбедување општествен консензус за бројните политички прашања.

Советот главната улога би ја имал кога официјално ќе почнат преогворите Македониј за жал ги нема почнато иако власта со тоа се фали. Идејата е да  се гради консензус за бројни политички прашања. Се надевам дека ќе ги почнеме преговорите но ситуацијата е таква каква што е. Криминалот и корупцијата цветаат, економијата тоне, а тука се и уцените од Бугарија – коментира претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски.

Секојдневните случувања поврзани со криминал и корупција на кои јавноста е сведок, се најголем показател дека состојбата во државава е далеку од розева како што ја претставува власта. За ова, Николоски најави дека ќе стане збор на тридневните средби во Брисел со високи функционери од повеќе држави од Европа.

Ќе биде присутна премиерката на Естонија, неколку ваши колеги новинари кои добиле Пулицерова награда, претставници на бизнис секторот, пратеници и министри од земји од Европа, и таму ќе ја претставам состојбата во Македонија, која што е далеку од розева, во еден збор, криминалот цвета, а економијата тоне, така што ќе имаме добра можност да поразговараме овие три дена – додава Николоски.

За катастрофалниот процент на доверба во судството, високото ниво на криминал и корупција, постојано алармираат претставници на меѓународниот фактор. Но власта наместо да ги загрее столчињата и да се фокусира на овие горливи проблеми, зборува за уставните измени кои се главен но не и единствен услов од соседна Бугарија. Така борбата против корупцијата најчесто се сведува само на декларативни заложби.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста