Даути за Алфа: Државата итно да ги укине царинските давачки за компаниите, Владата готви кои производи ќе ги „замрзне“

Шпагетите, макароните и млекото засега нема да замрзнат. И покрај тоа што се очекуваше, Владата на денешната седница нема да даде предлог за замрзнување на цените на тестенините и млечните производи опфатени со одлуката за ограничена маржа. Веројатно одлуката ќе се носи до крајот на неделата. Власта најавува и договор со производителите на масло – очекуваат цената на литар да падне под 100 денари.

Наместо да ги замрзнува цените на основните прехрамбени производи, државата да ги укине царинските давачки за компаниите час поскоро реално ги намалат цените на храната, бараат бизнисмените. Увозниците на тестенини за Алфа велат дека не било во ред Владата да се меша во работата на стопанствениците, кои се двигател на економијата. Велат ако треба ќе се работи со минимлна заработка, но мора да се води сметка за граѓаните, а не само на, како што велат, популизам.

  • Државата треба по итно, не времено или привремено, туку засекогаш да ги укине царинските давачки и третманот за тестенините, и за брашното, и за млечните производи, но и за сите останати, односно за другите нетарфни пречки, како што се квоти, бариери, бандероли и други пречки кои што ја забавуваат набавката на производите, вели за Алфа бизнисменот Чемаил Даути, сопственик на ланеџот „Даути Комерц“.

Паралелно, се очекува Владата на седница, до крајот на неделава, да даде предлог за замрзнување на цените на цените на трајното крајво млеко, шпагетите и макароните. Министерот за економија рече и дека се разговара со трите производители на масло за јадење, за намалување на цената на овој производ.

Бизнисмените критикуваат дека за разлика од другите држави каде цените паѓаат, македонските маркети, и натаму остануваат господари на цените во време на криза. Велат дека битката мора да се води да се заштити на стандардот на граѓаните.

  • Државата треба да креира амбиент за една слободна конкуренција и максимална конкуренција. Неопходни се мерки, ние сме дистрибутери на тестеници, на млечни производи, и дел од месни артикли, и ние ќе продолжиме да ги снабдуваме компаниите и пазарот, но со претпазливи мерки и со количини, за да ја амортизираме нашата загуба, додава за Алфа бизнисменот Даути.

Претходно, Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб, на 33 денари, и во земјава настана хаос, односно неколку дена овој производ го немаше по рафтовите.

Мелничко-пекарската индустрија се закани дека ќе поднесе тужба поради тоа што смета оти е незаконска владината одлука за замрзнување на цената лебот на 33 денари и обврската за пекарите да произведуваат и испорачуваат леб.

Останува отворено прашањето дали рафтовите ќе осамнат празни ако се замрзнат цените и на останатите прехрамбени производи. Инаку, цените на храната на светските берзи веќе 11 месеци се намалуваат, освен во македонските маркети кои заминаа до плафон. кој и зошто дебело профитира врз грбот на народот, треба да каже државата.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста