Николоски: Со измените на Кривичниот законик, кривичните дела на Заев од 2017-та веќе се застарени

Наместо амнестија, ќе има одговорност. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски со порака до власта, дека криминалците нема да останат недопирливи, иако стапија на сила скандалозните измени на Кривичниот законик. Обвинува дека  шверцерски начин се изменил законот со кој се пропишуваат поблаги казни за функционерите кои ќе бидат или кои биле фатени во криминал. Но посочува дека може да се најде правен начин како да се гонат министри или директори на кои им лепеле рацете.

  • „….за злосторничко здружување многу јасно пишува во законот кој помина дека се прави измена со која што зборовите “до 10 години” се заменува со “до 3 години” што значи дека застареност настапува за 6 години. Да преведам, кривични дела коишто на пример Зоран Заев ги направил во 2017 година како Премиер заедно со двајца министри и тројца директори потенцијално, и така се формира злосторничко здружение веќе во моментов се застарени”, вели Николовски во колумна за неделникот „Фокус“.

Владата којашто дојде на чело на Македонија со паролата “нема правда нема мир” ја убива правдата во Македонија со застарување на кривични дела, вели Николоски. Јавноста гледа дека намерите овдека не се чесни односно дека намерите се амнестија за криминал, но тоа следната Влада на ВМРО ДПМНЕ нема да го дозволи, порачува потпретседателот на партијата.

  • Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ апсолутно ќе ги гони, ќе се најде правен начин како да се гонат. Нека не се надеваат дека поблагиот закон ќе можат да го користат и дека ќе може да се повикуваат на застареност. Ќе се најдат начини како да се гонат. Не се само два члена во кривичниот законик, не е само злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување си има и други членови по коишто ќе им се најде начин да се гонат. Знам дека ова звучи како закана, но мора на крај и закани да испраќаме затоа што е јасно дека се оди на амнестија.. пишува Николоски.

Претседателот на државата продолжува да го правда парафот кој експресно го стави на законските измени. Пендаровски тврди дека не станувало збор за неказнивост туку само намалување на предвидените казни.

  • „По тој и тој член никој веќе нема да одговора, тој член нема да постои“. Значи наместо 10, една запретена казна е сега 5 години, наместо 5 сега е 4 години, значи не станува збор за неказнивост. Петтиот став кој е избришан бидејќи беше прилично широко поставен и досега имаме исклучително мал број докажани случаи, петтиот став досега бараше две работи да се докажат: прво дека си ја злоупотребил положбата функционер, политичар со тоа што си прибавил имотна корист за себе и со тоа си го оштетил буџетот или трета страна, појасни Пендаровски.

Измените на кривичниот законик бурно беа дочекани од граѓаните, експертите, но и од меѓународната заедница. Американската амбасада рече ќе го разгледа закониот, а евроамбасадорот Гир, покрај загриженоста за носење на законот со европско знаменце, рече дека и со овие измени се зголемува ризикот за зголемување на неказнивоста во Македонија. Законот беше изгласан по брза постапка, без дебата и само со поддршка од владејачката коалиција.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста