Национална мрежа на земјоделци бара државата да прогласи елементарна непогода, уништени се лозјата, оризот, пченицата, ресенското јаболко

Држвата да прогласи елементарна непогода, бараат од Националната мрежа на земјоделци. Временските услови им го уништија овогодинешниот труд. Дождовите и високите температури се причина кај поголем дел од културите на отворено се појави и до 100% оштетување. Годинава ќе нема грозје, а со лош квалитет ќе биде оризот, пченицата, ресенското јаболко.

 „Се нансеоа катастрофални штети од поплави, болести, а имаше и присуство на град. Веднаш потоа имавме енормно високи температури што дополнително ги отежнаа условите за производство. Сега сме сведоци на сериозни оштетувања. Кај некој култури има забележано од 50 до 100%. Сега земјјоделците се наоѓат во една многу деликатна ситуација. Буквално не можат ни да ја поминат сезоната„ изјави Горги Каракашев, пртседател на националната мрежа на земјоделци.

Освен прогласување на елементарна непогода, Мрежата до Влада достави листа со осум барања, кои доколку се реализират значително ќе се подобри ситуацијата во македонското земјоделство. Бараат усогласување на цените како и ослободување од плакање на воден надоместок за оваа година, производни цени за сите култури, а оризот да стане стратешка култура. Од Националната мрежа алармират дека се ставени пред свршен чин и незаинтересираноста на власта само по себе ќе доведе во целост да станеме увозно зависни.  

Реално македонскиот земјоделец и земјоделие се во колапс. Може слободно да кажеме дека се во клиничка смрт. И ако не се интервенира и државата не помогне финансиски и технички, ние дефинитивно ќе немаме храна. Ќе се соочиме со дефицит од храна. Во наредниот период и тоа што го имаме ќе го загубиме и како држава ќе е станеме сто проценти увозно зависни„ изјави Горги Каракаешев од Националнта мрежа на земјоделци.

Иако листата со барањата е доставена пред десетина денови, од Мрежата велаат дека се уште немат добиено никаков одговор.

Според податоците на Државниот завод за статистика во второто тримесечје од оваа година откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 3.254.746 денари и во однос на истиот период од претходната година е намален за 3,4%. Значително намалување е забележано кај млечните производи за 76,7%.

Алексадра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста