Мицкоски: Преодна Влада без ДУИ, рамен терен за изборна борба и зачуван идентитет

“Уставните амандмани да бидат ефективни и дел од Уставот, но откако Македонија ќе стане земја членка на ЕУ, а до тогаш да се формира преодна влада без ДУИ до избори, ова е условот на ВМРО-ДПМНЕ за да се гласа за уставните измени, порача Хриастијан Мицкоски денеска од Кочани. На овој начин , вели Мицкоски, ќе се заштити македонскиот идентитет и ќе се спречат понатамошни отстапки нa штета на Македонија. Според него од вчерашната лидерска средба може да се констатира дека Владата го нема потребното мнозинство во Парламентот за уставните измени што ги прифати пред една година без да биде консултирана опозицијата.

“Кога станува збор за уставните амандмани ние рековме во ред, еве да речеме да го прифатиме гласањето за тие но, но да биде ефектот одложен, односно со одложено дејство. Тоа значи практично околностите нема да се променат, нема да има промени на устав тие амандмани нема да бидат дел од новиот устав се до моментот додека Македонија не стане земја членка на ЕУ. На тој начин го заштитуваме нашиот идентитет и на тој начин ние кажуваме дека нема да има дополнителни отстапки кои ќе можат да му наштетат на нашиот идентитет“ изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи, наместо ДУИ, добро е консолидираната опозиција на албанските политички партии да бидат дел од преодната влада која ќе создаде рамен терен за изборна борба и зачуван идентитет.

“Ова е преодна влада која што ќе биде со важност до организација на избори, а потоа граѓаните ќе одлучат. Добро е да сме дел од тој процес, на тој начин ќе спречиме евентуална злоупотреба на изборниот процес и неправилности, што е важно за да имаме кредибилен изборен процес и тоа на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните ќе им даде доверба дека процесот кој следи и претседателски и парламентарни се согласно законот и Устав“ изјави Мицкоски.

Мицкоски го поздрави одговорот на Османи дека се подготвени да се повлечат, потенцирајќи дека опозицијата е добар период за внатрешни реструктуирања, а ќе се видат и нови политики и хоризонти.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста