„За или против“: Барањата испорачани, нема договор на лидерската средба

Во вечерашната емисија „За или против“, гостуваа пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска и поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска, кои ги коментираат резултатите од лидерската средба помеѓу премиерот Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Брзата реакција по лидерската средба покажува дека се подготвени за во опозиција. Условот беше и за да се случуват уставните измени да имаме и гаранции од Советот на ЕУ, не само ДУИ да замине во опозиција. Третиот предлог беше да се испочитуваат, барем 3 пресуди на Судот за човековите права во Стразбур, Бугарија да ги испочитува. Барем три. Од ДУИ не очекувам да застанат во одбрана на македонските национални интереси, бидејќи не е нивната националност во прашање“ – вели Дафина Стојановска – пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Од лидерската средба заклучот е дека немаат 80 пратеници за уставни измени, немаат дво-третинско мнозинство, децидна е Стојановска. Таа вели доколку Македонија би имала сериозни политичари кои ќе ја предводат, зошто не би се обезбедило писмен документ од земјите членки во ЕУ, бидејќи се се постигнува ако се сака.

Уставните измени за мене како граѓан, воошто не се спорни. Ако секако се заврши на тоа воопшто не се проблем, го кажав и тоа порано. Но, не со усна гаранција туку писмена дека тука завршува се..“ рече Ѓулистана Марковска – поранешен пратеник.

„Овој чекор кој што го направи Христијан Мицкоски не го сметам за предавнички напротив, јас не сум некој кој не го фали баш г. Мицкоски но ваквата одлука е во интерес на партијата и нејзините членови. ДУИ не оди во пензија, напротив оди во опозиција. Ние за нив имаме високи индиции за корупција токму за кадрите кои доаѓаат нивното излегување го гледам како покривање на криминалот и извлекување на некаква жртва, па затоа се спремни да се откажат од власта“, додава таа.  

За барања на Мицкоски за почитување на Македонците во Бугарија, Марковска вели дека се зависи од нашата поставеност во однос на источниот сосед, бидејќи ние сме обесправени со години наназад.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста