Како за Ковачевски, Мицкоски одеднаш стана релевантен?

Претседателот на опозицијата не е пратеник, така да, тој е нерелевантен да зборува на тоа прашање, тој многу често ги менува своите ставови…, изјави Ковачевски на 12.04.2023 година.

Вака пред нецели два месеца зборуваше првиот човек на Владата, Ковачевски кој мислејќи дека ќе може да обезбеди две третини пратеници за уставни измени, го прогласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски за нерелевантен да зборувал за таа тема. За сега Ковачевски сам себе да се демантира и да седне на маса со Мицкоски и тема на разговор да бидат токму уставните измени.

Дел од политичарите велат, додека премиерот ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за менување на ставови, самиот тој го прави истото. Променливите ставови на Ковачевски се израз на неговата немоќ, бидејќи во власта тој го нема последниот збор туку неговите коалициони партнери од ДУИ.

Ковачевски покажува нестабилност во неговите изјави, бидејќи пред два месеци тврдеше дека Мицкоски е нерелевантен соговорник за уставните измени како превземена обврска од ДУИ и СДСМ кон Бугарија, но од друга страна денес гледаме дека нуди варијанти токму на Мицкоски. Според мене тоа се должи на две причини, прво самата СДСМ е притисната во Владата и го нема главниот збор во Владата каде Ковачевски е премиер, главниот збор го има ДУИ, вели за Алфа Антонио Милошоски – пратеник.

Заради ваквите ставови на премиерот и никој повеќе не верува во Владата.

Со честото менување на ставовите на Ковачевски, тој испраќа порака во јавноста, дека не е конзистентен политичар и дека на него не може ниту политиката, ниту граѓаните, ниту стопанството сериозно да се ослонат и со самото тоа го руши кредибилитетот и репутацијата на Владата, вели за Алфа Антонио Милошоски – пратеник

Лидерската средба меѓу првиот човек на власта и првиот човек на опозицијата ја свика токму Ковачевски, кој не остана доследен на ставот дека Мицкоски не бил релевантен на таа тема, па на средбата му понуди влез во Владата, и уставни измени, кои Мицкоски ги одби. Бара гаранции за македонскиот идентитет и јазик, обврска и за Бугарија – да ги почитува пресудите на Евопскиот суд за човекови права, пакет економска поддршка за граѓаните и стопанството, како и одложена примена на уставните измени се до влезот на Македонија во ЕУ со што нема да има нови условувања во процесот на преговори.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста