Мицкоски до Ковачевски: Престани да водиш чудна мачо игра и одреди ден за средба на работните групи за предвремени избори

Мицкоски до Ковачевски: Престани да водиш чудна мачо игра и одреди ден за средба на работните групи за предвремени избори

На половина година пред редовните избори ниту има договорено датум, ниту има целосен состав на ДИК. Роковите течат, а власта не сака ни разговор на оваа тема.

Опозицискиот лидер порачува – соочување со граѓаните мора да има, а власта мора да престане да бега.

Христијан Мицкоски вели дека неговата партија е подготвена веднаш да номинира членови на собраниските работни групи кои треба да ги направат сите подготовки за изборите.

  • „Димитар Ковачевски води некоја чудна мачо игра која не ја разбирам навистина. Не знам кој е тој кој што го советува дека сега е моментот да биде мачо и да каже нема предвремени избори, јас кажувам дата. Во ред еве сѐ нека каже тој. Не сакаше лидерска средба, добро, сакаше работни групи, во ред еве прифаќаме работни групи. Сега ја одолговлекува целата оваа ситуација не знам од кои причини. – Изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој вели дека е важно собраниските работни групи да се сретнат што поскоро, бидејќи има само неколку месеци до изборите, а државната изборна комисија не работни според закон, поради пропаднати коалициони договори. Тој смета дека со одложувањето, власта не дозволува ДИК да профункционира законски.

  • „Ние имаме во моментот проблем. Бидејќи имамаме државна изборна комисија која што не работи согласно законот. Зошто не работи, затоа што не се 7 членови, се 6. По закон имаме јасно дефинирана структура на ДИК. 4 од власта, 3 од опозицијата. Ние имаме 2 од опозција. Што прави власта? Опструра номинирање на член од опозицијата.“ – Додаде Мицкоски.

Опозицијата смета дека 8 мај е најдобар датум за одржување на парламентарни и втор круг на претседателски избори. Со тоа и би се осигурала доволна излезност и би се заштедиле десетина милиони евра. Власта засега останува без одговор на оваа понуда, но и без никаква иницијатива за формирање на работните групи и започнување со подготвки за изборите.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста