И по една година ист одговор – Ковачевски ќе барал објаснување од институциите зошто МРТВ ја нема во Бугарија

365 дена трае истражувањето на премиерот зошто првиот канал на македонската телевизија не се емитува на бугарска територија. Телевизија Алфа пред повеќе од една година го постави истото прашање – зошто МРТВ-Сат ја нема кај операторите во Бугарија а наспроти тоа БНТ4 речиси две години зрачи во македонскиот етер. Ковачевски и тогаш како и денеска најави дека ќе праша во Министерството за надворешни работи.

  • „Јас ќе разговарам со МНР и тие ќе информираат во однос на тоа“ рече Ковачевски – Претседател на Влада на 11.02.2022.
  • Веднаш ќе ги контактираме Министерството за надворешни работи и нормално македонската телевизија, која што треба да зрачи и штом ќе достават официјален одговор, како и одговор од бугарските официјални институции тогаш ќе го споделиме со вас“, изјави Ковачевски денеска.

Ковачевски како и во првиот одговор така и денеска се повикува на Минситерството за надворешни работи. Министерот, пак како најповикан за неемитувањето на МРТВ-Сат кај источниот сосед не одговори на прашањето на Алфа бидејќи Османи не сакал тие да бидат злоупотребени во изборната кампања во Бугарија.

  • „Вие веројатно јас не сум се видел со вас три недели можеби, и тоа не е случајно, и денеска немаше ама поради посетата. Не сакам да говорам за Бугарија за нашето прашање да не биде дел во изборната кампања“ рече Османи – Министер за надворешни работи.

Еден од директорите на МРТВ, Захарија Вулгаракис, за Алфа тврдеше дека тие ги овозможиле сите услови за емитување но рече дека тие немале можност да проверуваат дали бугарските оператори го пренесуваат сигналот на македонската телевизија.

Откако Алфа го емитуваше прилогот пред една година, овој проблем се најде дневниот ред за дискусија и на Советот на првиот македонски канал, кои исто така прашуваа зошто МРТВ ја нема во бугарскиот етер.

  • „Станува збор за ТВ прилог околу овој проблем… во прилогот беа вклучени три страни – АВМУ, ЈП МРТ преку директорот Захарија Вулгаракис и Владата“ се наведува во записникот од одржаната седница.

Алфа повеќе од една година инсистира од одговори од интитуциите, бидејќи по потпишаниот Договор за добрососедски односи во кој се предвидува реципроцитет во емитувањето на националните канали, Бугарија не го почитува.

Од инситуциите нема одговори и зошто се дозволува пропагандичка содржина на бугарската национална телевизија да зрачи во македонскиот етер.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни комуникации уште лани се прогласи за нендалежна за ова – не можеле да постапуваат за содржините на БНТ 4 или кои било други странски канали. Но, во законот сепак, јасно е наведено дека при реемитувањето во содржината странските канали не смеат да поттикнуваат меѓу другото и национална омраза и нетрпеливост.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста