Една година „живот“ на „Иван Михајлов“: Како беше отворен и како заврши

За сечење црвена лента дојде цел бугарски државен врв, за клучот на врата го немаше ниту претседателот на клубот. Речиси цела година им требаше на македонските институции да го затворат клубот Ванчо Михајлов во Битола, иако македонската јавност остро се противеше на отворањето а уште повеќе на неговото функционирање и фашистичко име. 

Додека бугарскиот клуб се отвораше со сите почести на улица Рузвелтова во Битола, во куќа на еврејско семејство кое било депортирано за врема на нацистичката ера, македонските власти ги  немаше никаде.

На премиерот му требаа 10 дена да каже дека бил разочаран и незадоволен, министерот за надворешни пак,релативизираше.  

  • Не сум задоволен, не се согласувам и сум многу разочаран, што соседна Бугарија одлучи да именува центар со името на Ванчо Михајлов. Лицето Ванчо Михајлов е поврзано директно со соработка со нацистички и фашистички режим. Тој е крајно негативен лик кој направил огромна штета на македонскиот народ, човек кој учествувал во ликвидација и ништење на македонски херои“, изјави Ковачевски на 28.04.2022.
  • Под говор на омраза, јасно кажува нашето законодавство што е – омаловажување поради карактеристики на човек и припадност во група и мислам дека ако го прошириме тоа во историските интерпретации, тогаш мислам дека отвораме поле на нови ризици“ – вели Бујар Османи – министер за надворешни работи на 26.07.2022.

Македонците не останаа рамнодушни на бугарскиот клуб со фашистичко име. Па на почетокот на јуни беше вандализиран, за што обвинет и осуден на условна казна беше Ламбе Албаковски. Македонската јавност застана позади Алабаковски, па излезе дури и на протести.

И додека од бугарска страна стигаа најави за отворање на клубови и канцеларии во сите македонски градови и поголеми села, македонските интитуции не можеа да сватат каде е законската дупка која Бугарите ја нашле. Со месеци Министерството за правда и Централниот регистар си ја префрлаа топката кој и зошто дозволил име на фишист да носи бугарскиот културен центар.  

И конечно, по предлог на опозицијата, со многу препирања се гласаа измени во законот за фондации и здруженија.

  • Страшната вистина за фашизмот и нацизмот мора сите заедно да ја браниме птоив оние што ги негираат. Ние мораме да ја закнеме моралната и политичката посветеност и интитутиции на нашата влада за даобезбедиме можности за идните генерации да ја разберат пандемијата на омраза и лудилото на Втората Светска војна во која Македонија даде над 25 илјади жртви“ рече Рашела Мизрахи, пратеничка, 02.11.2022 година.

Беше утврдено дури дека бугарскиот клуб во Битола дискриминира по национална и етничка припадност. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди продолжено и повеќекратно вознемирување како потежок вид дискриминација врз членови, семејствата, поддржувачи на Сојузот на борците на НОБ, но и кон македонскиот народ и сите заедници кои живеат во Македонија. Комисијата констатираше дека бугарскиот клуб вршел промоција на ликот и делото на Ванчо Михајлов..

  • „Целите на здружување на културниот центар “Иван Михајлов“ од Битола се сосема спротивни од она што значи слобода на здружување, Промоција и рехабилитација на ликот и делото на Иван Михајлов говори дека во нашата држава на овој начин е овозможено овој центар да делува и да ги извршува не своите цели кои ги навел, дека ќе работи за права и слободи на граѓани на Р.Македонија туку напротив“ – рече Весна Бендевска, на Претседателка на КСЗД 14.10.2022.

Беше поднесена и кривична пријава, а председателот Љупчо Георгиевски како осомничен дека шири расистички и ксенофобичен материјал седна и на распит во битолското обвинителство.

  • Никаде не сме ги навредиле Македонците“, изјави претседателот на БК „Ванчо Михајлов“ Битола на 12.12.2022.

Битолчани по една година задоволни од ваквиот развој на настаните.

  • Анкета:
  • „Треба да биде избришан, тоа е моето мислење. Грешката е уште во стартот, ова беше сето провокаторски од страна на Бугарија. Јас сум Македонка и си  крепам македонштина“.
  • „Бугарите не не’ признаваат, нејќат ништо да слушнат за нас, и сега, како можам јас некој да признавам, a тој не ме признава мене како Македонец, а пред нив, пред сите сме“.
  • „Ова треба овде да се фати одма. Што го ставија, само создава тензии меѓу народот, ништо друго. Бугарите до кога ќе не’ малтретираат?! Ич не требаше да му дозволат да се отвори. Како прават тие таму? Одма другиот ден го растураат, а ние – аминџии цел живот“.

Официјална Софија вознемирена за затворањето на клубот, одлуката ја оценија како тенденциозна, а се заканија и дека ќе реагираат во ЕУ за македонската одлука.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста