Идризово почна да наликува на латино-американските затвори

Одговорност ќе имало, ама кога? Затворот Идризово е како Колумбија, со ножеви, мобилни телефони, дрога па дури и ладно оружје, а министерот за правда, Тупанчевски уверува дека сите кои учествувале тие предмети да се внесат во келиите ќе сносат одговорност. Но, кога целосно ќе заврши истрагата. Сега Тупанчевски не сака да открива детали дали само службениците и затворениците ќе се сносат со последиците од противзаконитото поседување предмети во казнено поправните установи, или ќе падне и разрешување на директорот.

Во затворскиот менаџмент имаше одредени луѓе кои се именувани на одредени позиции, но не ги исполнуваат условите за да бидат на местото на кое се поставени. Министерството за правда почна да ги отстранува недостатоците кои претставуваат непочитување на некои одредби од законските прописи. Никој нема да биде поштеден од одговорност, но оставаме тоа да го решат надлежните институции, изјави министерот Тупанчевски.


Во вчерашната акција во 25 келии во Идризово беа запленети 37 ножеви, 50 мобилни телефони, ладно оружје и дрога, а не се исклучува можноста да не се сите одземени.  Директорот на управата за извршување санкции, Марјан Спасовски, тврди ќе се преземале вакви акции почесто, и не само во Идризово туку и во останатите затвори во Македонија.

  • -Ние редовно, на редовно ниво се вршат претреси на одредени ќелии, меѓутоа станува збор за најголем затвор и не е можно во една акција да бидат опфатени сите ќелии, истакна  Спасовски.

Тупанчевски признава: не биле најсјајни условите во казнено поправните домови, а оваа констатација ја имале и граѓаните на Македонија, но преземале активности да се подобрат.  

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста