Зборовите на хартија едно, реалноста друго: Македонскиот народ никогаш не бил волку поделен како последниве години

Македонија никогаш не била толку поделена како последниве години. Зборовите на власта предводена од СДСМ за едно општество и обединетост се изгледа само на хартија, реалноста сосем друга. Годините минати со моменталната владејачка гарнитура успеа да ги подели обичните граѓани меѓу себе. Тоа го покажуваат случувањата и протестите последниов период, кои за жал минаа и со инциденти меѓу обични граѓани.

Сцените во Крушево само го докажаа тоа. Социолог Илија Ацески за Алфа вели дека ова е пораз за македонските политичари, пред се оние од власта, кои во ова кризно време за државата, дозволиле среде историско Крушево да има вакви сцени.

-Ги носите на таму една сцена, да викаат заедни уа, за други да аплаудираат. Тоа не е добро за Македонија, не е добро за овој да речам политички доста осетлив момент, во ова кризно време за македонскиот граѓанин. Таа политичка елита, таа партиска елита, треба да покаже еден сенс едно поголемо разбирање за овие моменти, едно разбирање дека сепак ние сме Македонци. Овие кои што се на власт треба многу повеќе да обрнат внимание на тоа.

Ацески потенцира дека на ваков историски ден, сцени како оние во Крушево не смееле да бидат дозволени, дури и потенцира дека политчката елита можеби требала малку и да одглуми со цел да се дојде до сплотување на народот.

-Кога станува збор за ваквите настани, во тој ден во тој миг, во тој момент не би требало да се потенцира, да се подвлекува некаква партиска поделеност, дека тие треба сите да застанат во еден ред и во тој момент ај треба да не речам некој груб збор треба да одглумат едно поголемо единство, за народот сепак се почувствува дека припаѓа на една идеја, на една вредност, меморија која што се формира со децении овде во Македонија, тоа е потребно во овој момент во Македонија, вели Ацески.

Профеосорот Ацески е на ставот дека проблематично е што и првиот човек на државата искажал зборови каде вели дека тешко е да се постигне национално единство во државата.

-Тој чин, момент ја покажува таа поделеност дека ние се уште како да немаме, тоа претседателот Пендаровски така малку грубо го кажа дека ние не можеме да постигнеме некое национално единство, што не е својствено се сложувам со оние кое тоа го потенцираат, изјави Ацески.

Според социолозите и експертите посебно проблематично во состојбата со поделеноста меѓу граѓаните во Македонија, дали на партиска, национална или верска основа, е што таквите случаи се се почести, а политичката елита не помага премногу да се надмине таквата ситуација.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста