Скандал на Мечкин Камен: Власта едвај ја пушти Алфа телевизија да ја снима прославата за Илинден, автобусите не го наполнија Крушево

Алфа- една од петте национални телевизии повеќе од еден час мораше да се убедува и моли со владините служби да биде пуштена да ја снима официјалната прослава на Владата на Мечкин Камен по повод Илинден. Не не пуштале бидејќи не сме биле на списокот акредитирани медиуми. На крајот нашите убедувања дека на медиум, особено национална телевизија не смее да и биде забрането да снима сепак вродија со плод, не пуштија откако сите делегации положија свежо цвеќе.

А како мина официјалниот дел на прославата, голем број автобуси го наполнија Крушево, автобуси за кои на социјалните мрежи беше објавено дека се организирани од владејачката СДСМ, што сепак не беше доволно Ковачевски да не биде пречекан со свирежи, покрај аплаузите најверојатно од своето партиско членство.

Ковачевски неколку пати споменувајќи дека илинденците се бореле за она што денеска била Република според неговите зборови Северна Македонија, кажа дека тие воделе битка со оружје, додека сега на други начини се водела битката за европска Македонија. 

Оние кои му аплаудираа на Ковачевски и владината делегација со свирежи ја пречекаа делегацијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, предводена од вториот човек на партијата, Александар Николоски

Тој посочи дека власта и покрај големиот број автобуси со кои допатувала во Крушево, не успеало да го наполни Мечкин Камен, но и потенцираше дека она што го прави власта во моментов е спротивно на се за што се бореле илинденците.

Инаку, претставниците на опозицијата само положија свежо цвеќе, не останаа на организираната прослава, велејќи дека нема да присуствуваат кој власта за партиски цели со го приватизирала.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста