Грчева за Коридор 8: Постапките на власта се криминогени

Ваквите криминогени постапки на власта одат до плафон и се уникатни. Ваква една зделка од 1.3 милијарди евра, кои ние треба да ги плаќаме е контроверза – матна до матна зделка – вели универзитетската професорка Солза Грчева во емисијата За или против, на телевизија Алфа.

„Не е на увид даден договорот, бидејќи сигурно е скандалозен. Сакам да знам за каков тип на автопати станува збор. Ние сме тие луѓе кои плаќаме даноци, за да се изгради овој пат. Бехтел и Енка ја следат многу скандали, каде што граделе. Во Косово е многу чудна ситуацијата, дури и смешна. За милијарда и 300 милиони долари, биле изградени 80 км, на крај проектот чинел две милијарди, но најчудно е што во овој проект бил вклучен и американскиот амбасадор – рече Грчева.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста