Граѓаните револтирани: Ги набилдаа цените, па сега ќе ги намалуваат за 10% – тоа ништо нема да смени

Зошто манипулираат властите? Што ќе поефтини, кога цените се крајно набилдани? Граѓаните револтирани, прашуваат како после астрономаските покачувања, државата излегува со некакви мерки кои нема ниту да се осетат. Откако млечните произво и месото поскапеа за 40 отсто, сега ќе се намалуваат цените за 10 проценти, па ќе се замрзнуваат. Крајно апсурдно- велат потрошувачите.

Новите мерки кои треба да стапат на сила од идната недела, ќе важат за околу 50-тина прехрамбени производи, кои се очекува да се продаваат поевтино за околу 10%, додека пак на акција ќе можат да се продаваат само пијалоци. Ваквата одлука следи во период кога континуирано паѓаат цените на прехрамнбените производи на светските берзи.

Економистите посочуваат дека се е чист владин популизам. Професорот Абдил Бауш за Алфа појасни оти државите во соседството носат долгорочни стратегии за економски раст, а кај нас имаме мерки само за купување на време и социјален мир.

  • „Овие мерки како да се навикнавме дека нема да дадат резултат, мерки кои за волја на вистината и претходно не дадоа поголем резултат. Како некако да ја префрла вината централната вина кон бизнисот, а имајќи предвид дека цело време ги форсираа , се мешаа во компонентите на пазарот. Оваа ситуација не може вака, со краткорочни мерки и нема да го дада резултатот , и овие се мерки кои директно влијаат врз пазарот“, вели Професор Абил Бауш за Алфа.

Двоцифрената инфлација во земјава трае скоро две години. Во периодот на кризата граѓаните најмногу беа погодени од трошоците за храна, поради што државата во неколку наврати ги одмрзнуваше и замрзнуваше цените на основните производи.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста