Владата утре ќе расправа за спојувањето на концесијата за рудниците Иловица – Штука

Наместо со документи, Крешник Бектеши на владината седница ќе се појави со лист хартија на која ќе биле подредени хронолошки настаните за концесиите на рудникот Иловица – Штука. Министерите колеги на Бектеши рекоа дека не ги виделе сите документи за концесиите, иако сите откако се согласиле, се изјаснија против отворењето на рудник, но тој ги демантираше бидејќи како што рече им биле доставени пред седницата.

Со идентитечен став реферирањето на Бектеши пред колегите министри го најави и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Повтори дека ќе се почитувала одлуката на граѓаните.

  • Како влада рековме дека ако граѓаните кажат дека не сакаат да имаат рудник, ние ќе постапиме така. Мислам дека таму еднаш имало изјаснување на граѓаните само во босилово, подготвени сме да помогнеме сите граѓани од целиот тој регион да се изјаснат на референрдум дали сакаат или не сакаат да има рудник“, рече Битиќи

Владините министри, се заплеткаа во одговорите дали или не ги виделе документите пред да ја донесат владината одлука.Министерот за економија ги убедуваше новинарите дека го одбрал најдоброто за спојување на концесиите за да ја заштити Македонија од арбитражна постапка , Битиќи пак не бил запознаен со правните последици кои би следеле ако се ревидира одлуката .

Последниот протест против спојувањето на концесиите и отворање рудник на потегот Иловица – Штука,35-тиот по ред, струмичани го одржаа пред 10-тина дена. Тие се децидни дека  на овие простори рудник нема да дозволат да се отвори.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста