„Везилка“ – емисија со препознатлив квалитет

Препознатливата популарна емисија, која е и најгледаната емисија на ТВ Алфа до сега има поминато илјадници километри низ убавините на Македонија. Најпопуларната емисија Везилка ја гледате секоја недела од 12:00 до 14:30 часот и репризното издание во сабота во 15:00 часот.

Секоја емисија си е своја приказна, па така Везилка секојдневно ги освојува симптатиите на гледачите. Екипата на “Добро утро, секое утро“ имаше можност да присуствува директно на снимањето на емисијата Везилка. Како сето тоа изгледа во позадина ќе имате можност да проследите во наредните минути. Со слика ви пренесуваме дел од подготовките.

Како дојдоа до идејата за ваков тип на емисија која што до моментот на Везилка немаше во македонскиот медиумски етер ќе дознаеме од програмскиот уредник Методи Алексов.

„Увидовме дека во македонскиот етер недостасува емисија што ќе ја промовира македонската култура и традиција и што ќе внесе позитивна енергија во домовите на нашите гледачи. Големиот успех што го постигна Везилка ни потврди дека сме биле во право. Но, морам да додадам дека многу ми е драго што и други телевизиски куќи сега го следат нашиот пример и прават слични проекти“, вели Алексов.

Што претставува Везилка за телевизија Алфа?

„Везилка е најгледаниот во моментов, а слободно можам да кажам и најубавиот проект на Алфа телевизија. Алфа телевизија е посветена на промоцијата и негувањето на македонската култура и традиција и со овој проект ние го правиме токму тоа“, ни рече Алексов.

Прашавме, како се создаде тимот, како се создаде целиот концепт за Везилка?

„Мојата идеја за реализација на емисијата Везилка немаше да се оствари ако не беа луѓето кои што ќе ги запознаете. Телевизијата е тимска работа и без квалитетен тим немаше да се направи ваков успешен проект“, ни одговори програмскиот директор Методи Алексов.

Втората сезона на Везилка е доказ дека и тоа како гледачите го поддржуаат овој проект што е во реализација за телевизија Алфа. До сега имаат посетено 63 различни места, општини од нашата преубава и живописна Македонија. Како е да се работи со сите македонски музички ѕвезди и со какви предизвици се соочуват во текот на подготовката на емисијата, но и во текот на снимањето? Задолжен за изборот на музичари е музичкиот соработник Дејан Ѓорѓиев.

„Мојот ангажман е да го организирам делот со музиката, да се договорат сите песни сите пејачи, да се пронајдат локалните познати изведувачи. Конкретно за оваа емисија проблем беше да се најде локална група од Зрновци, па така морав да се обратам кај дечките од Свети Николе „Фокус Бенд“. Кога им се јавив беа фасцинирани и баш им е задоволство да бидат дел од оваа емисија“, ни рече Ѓорѓиев.

Студиото на Везилка досега беше домаќин на стотици музичари, готвачи, занаетичии, играорци, уметници, луѓе што придонесоа за Везилка да биде, тоа што е сега – емисија со препознатлив квалитет, а дека емисијата е лидер во ваков тип на емисии, тоа го препознаа и гледачите. Гостите и содржините што се дел од оваа емисија преку екраните успеваат да ни ја донесат Македонија дома.

„Големо задоволство е да се учествува на оваа емисија, покрај тоа што е гледана во Македонија емисијата е гледана и во целиот Свет. Покрај емисијата се афирмира традицијата, културата, македонските изворни традиционални ора. Наша чест и огромно задоволство е што токму нашиот ансамбл со играорната група од Зрновци е учесник на оваа емисија за општина Зрновци“, вели Александар Тошев.

„Задоволство е да се учествува во можам слободна да кажам најгледаната емисија во Македонија. Презадовлни сме од самиот прием од професионалноста што ја имате како екипа, од амбиентот од атмосферата, буквално се е во најдобар ред“, вели музичарот Никола Тренчев.

„Мене ова ми е трет пат да гостувам во Везилка и секојпат ми е ново искуство. Штом доаѓам три пати секако дека ми се допаѓа. Одличен е концептот, водителите, секогаш има позитивна енергија што ме носи овде да дојдам“, вели фолк пејачката Андријана Ацевска.

Организацијата за ваков голем проект и тоа како не е лесна работа. Секоја емисија сама по себе е нов предизвик, вели Мартин Гичевски, кој што е задолжен за организицискиот дел на емисијата.

„Емисијата си бара работа, но кога ќе го видиме крајниот резултат дека емисијата е една од најуспешните музички емисии во државата, се друго паѓа во втор план“, вели Гичевски.

Колку време е потребно за да се подготви емисијата која ја гледате на малите екрани и како се подготвува, од сценарио и реализација?

„Секако дека е тешко, тоа што гледачите го гледаат во рамки на тие два ипол часа за време на емисијата е резултат на работа што се работи цела недела. Нам ни е потребно цела недела за да подготвиме една емисија. Штом ќе се заврши емисијата веднаш се оди во следна општина, се отваруваат нови контакти, се вршат истражувања на терен, снимања на прилози за да дојдеме до оној момент кога ја снимаме емисијата во нашето студио. Екипата е малубројна, но е компактна, вредна и би рекла дека сите веќе функционираме како едно семејство, сите многу добро се познаваме, ги знаеме нашите силни и послаби страни. И мислам дека токму тоа не прави да бидеме јаки, што сме сите како еден организам после толкму многу емисии, часови и денови и ноќи поминати заедно во студиото на Везилка, во убава атмосфера со многу песна, со гости и во атмосфера и кога се греши и знаеме да се насмееме и се случуваат разноразни згоди и незгоди. Сето тоа ја прави магијата на Везилка и позади камерите, не само она што се гледа пред камерите“, вели водителката Ирена Спировска.

Добропознатото трио водители кои што втора сезона по ред секоја недела точно напладне се вашето друштвото во домовите. Ирена Спировска, Благоја Грујовски и Адријана Алачки. Професионалци кои што секој на свој начин успеваат да го пренесат она што го доживуваат од некој повеќе познати, но и помалку познати места во нашата мила земја Македонија.

„Везилка е повеќе од емисија. Тоа е платформа каде што постојано дознаваме за историјата на нашиот македонски народ работи што не сме ги слушнале и работи што не сме ги виделе. Постојано во текот на снимањето на Везилка на многу региони во Македонија, подрачја, градови, општини села дури можевме да видиме изразувањето на луѓето и нивната традиција преку храната. Во разговорите со нив не може да забележите дека они го имаат чуството за храна како храна. Они ќе ви раскажат цела енциклопедија за едно јадење, од каде потекнува, која е историјата, која е легендата за тоа јадење, а навистина многу од нас ниту го слушнале ниту го пробале тоа јадење.
Везилка не сплотува сите, не обединува затоа што е семејна емисија, може да ја гледаат од најмалите во семејството до највозрасните, а уште подобро кога ќе се соберат сите на еден семеен ручек и кога ќе ја гледаат Везилка“, вели водителката Адријана Алачки.

„Везилка припаѓа на жанрот забавно- рекреативна програма иако бара доста сериозност во осмислувањето и подготовката. Убава задача на која не можев да и одолеам затоа што сум опкружен од добар тим. Целиот тим е компактен и инспирира за работа. Везилка е нешто посебно, тоа го кажува и интересот на гледачите. Покрај тоа што е забавно рекретивна е и едукативна од каде може многу да се научи. Тоа ми го имаат кажано гледачите и пријатели што ја следат. И јас самиот работејќи на емисијата дознав многу за некои места во Македонија, нешто што не сум го знаел иако сум бил многу пати во некои места, особено помалите градчиња и села. Македонија е прекрасна има што да се види и да се доживее“, додава водителот и музичар Благоја Грујовски.

Секое место си има своја убавина, така и општините кои што се опфаќаат во најтрадиционалната емисија во медиумскиот етер.

„Посебно доживување е да се отиде на терен. Во изминативе месеци имав можност да посетам многу села, многу цркви и манастири, на мое големо задоволство затоа што сум вљубеник во нашите цркви и манастири, имав можност да се уверам колку е убава нашата Македонија. Нема место каде што има манастир, а да нема и природен извор на вода, да нема срдечни луѓе да те пречекаат, да сакаат да те угостат, несебично да ги споделат своите сознанија за својот крај. Тоа е навистина и еден посебен момент за мене на кој подеднакво му се радувам на секое снимање на Везилка во студио“, објаснува Ирена Спировска.

Максималната концетрација, доловувањето на емоција, помнењето на сценариото и многу други работи секогаш треба да се на највисоко ниво. Но, кои се последните подготовки пред да се застане пред камера?

„Се консултираме со колешките мои со Адријана и Ирена околу боите на гардероба. Се потсетуваме на најавите, смислуваме нешто интересно. За секое место има нешто што е карактеристично, заеднички именител на некое место, некој симбол, заштитен знак“, вели Благоја.

„Претходно ќе прочитаме, ќе разговараме со жителите на таа општина. Сакам да истражувам, го сакам непознатото за нашата Македонија и не сакам ништо непознато да остане за Македонија. И токму Везилка е таква емисија која што тоа ни го овозможува. Меѓутоа од едно разгледување дали на интернет или во разговор со жителите на тоа подрачје, а кога ќе отидете на лице место таму ќе дознаете уште многу работи што не сте ги планирале“, додава Адријана Алачки.

„Подготовките се многу интересни. Ќе се договориме да пеат една песна па таа песна нема да им одговара некогаш на пејачите, па на нас нема да ни одговара на сценариото и така се појавуваат проблеми кои што се решаават за се да биде по коцептот. И везилка д аизгледа беспрекорно како што изгледа“, вели музичкиот соработник Дејан.

Од договарање за текот на разговорот и преглед на сценариото до освежување на шминката и на домаќините, но и на гостите.

„Да се работи со колешките е прекрасно, пред се има преубава енергија. Кога доаѓаат се консултираме околу облеката, гледам што ке носат. Во зависност од нивната облека одлучувам како ќе ги шминкам. После шминкањето почнува емисијат, гледам што треба да се корегира во текот на снимањето“, вели шминкерката Викторија Вељановска.

„Везилка“ го врати духот на традицијата и обичаите и секоја недела на гледачите им приредува уживање за сите сетила. Исполнети со многу музика, пријатни разговори и убави мигови поминати со Алфа Телевизија. Прекрасни приказни раскажани за убавите предели на Македонија. Многу смеа зачинета со убава енергија и позитивност во текот на снимањето е нашиот впечаток. Или дека се работи со професионалци кои што и тоа како си ја знаат работата. На екипата на Везилка им посакуваме уште многу успешни и извезени Везилки.

Ивана Крстеска Јаневска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста