Само неколку дена во власта, а Aлијанса за aлбанците почнаа да ја напуштаат високи функционери


Deprecated: Implicit conversion from float 1714255127.22502 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Расте расколот во албанскиот политички блок, фракционерите на ДУИ земаат се поголем замав, добија уште еден функционер плус на нивното конто. Роланда Превала Кадриу членката на централното собрание на Алијанса за Албанците, сега својата верност ја наклони кон Меџити и неговата екипа. Официјалното подавање рака меѓу Кадруи и Меџити, првиот човек на фракцијата од ДУИ ја објави на неговиот фејсбук профил.

Имаше средба меѓу мене и г. Роланда Превала Кадриут, член на Централното собрание на Алијансата за Албанците која гордо се приклучи на каузата што ја водиме, напиша Меџити на фејсбук.

Потпретседателот на ДУИ уште еднаш јасно ги повторни неговите ставови дека главната причина поради која расте бројот на оние кои се приклучуваат на оваа група е незадоволството од работата на Владата, како потребата за промена на Артан Груби од раководните функции. Меџити за една од националните телевизии рече дека проширувањето на Владата со Алијанса за Албанците не го зајакнало мнозинството, туку целта била да се спаси Владата.

„Нашата реакција се сфаќа како искрена, таа се одрази не само во структурата, туку и надвор од структурата. Особено кога една опозициска партија една година пред избори кога останува само еден буџет да се реализира, без политички аргументи, односно без динамика, влегува во Влада само да намами некои функционери. Зборувам за Алијанса за Албанците, што значи дека тие поминаа 10 години стоејќи зад раководството за на крај да направат дневни пазари“, вели пратеникот и потпретседател на ДУИ Изет Меџити за ТВ „Алсат“.

Токму и несогласувањето со партиската одлука да влезе во Владата била причината Кадриу да ја напушти партијата на Таравари и да премине во таборот на фракцијата во ДУИ.

Превирањата во ДУИ се се поголеми , па средбите со граѓани на фракционерите се претворија во масовни собири, каде пред само неколку дена Муса Џафери упати пораки до Артан Груби, за кои вицепремиерот ги протолкува како напади кон Ахмети, за кои Џафери јавно праша „Зошто Ахмети дозволува Груби да се однесува хазардерски и да ѝ наштетува на ДУИ и нему како претседател на партијата“.

Групата на Меџити засега не планира да формира сопствена партија, но нивното партиско одвојување од ДУИ и те како ја растресе македонската политичка сцена, според дел од аналитичарите нерасчистените сметки во ДУИ не одат во прилог на Владата на Ковачевски кој за одржување на власта направи и реконструкција на Владата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста