Боцевски: Предвремени избори се неопходни за да излеземе од кошмарот во кој живееме

Предвремените парламентарни избори како главно барање на опозицискиот политички блок во Македонија е оправдано бидејќи државата запаѓа во политичка криза откако поддршка за уставните измени не даде потребното 2/3 мнозинство. Дел од аналитичарите со став дека изборите требаше да бидат многу порано, за граѓаните да кажат дали треба да се отвора Уставот за Бугарите или пак не.

  • Изборите доцна година ипол. Изборите требаше да бидат свикани по вториот круг на локалните избори. Беше јасно дека власта го изгуби својот мандат за владеење, немаше што да понуди. Власта нема мандат за владеење. Секојдневното владеење гледате на што личи, како никој да не владее со државата, како да сме во некоја инерција.. Така што е потребна влада со обновен мандат од граѓаните, нека гласаат тие па ќе видиме како ќе одлучат тие. Меѓудругото потребни се избори и за волку крупно прашање како што се уставните измени да се разреши. Ако власта оди со кампања дека ова е најдоброто решение и освои 80 пратеници никој нема да ги спори уставните измени. Но ако власта претрпи пораз, онакаков каков што предвидуваат анкетите, тогаш јасно е дека забелешките на јавноста и опозицијата биле на место“ вели Боцевски.

Вакумот во кој во моментов се наоѓа Македонија, според Боцевски може да се реши само со предвремени парламентарни избори. Потенцира дека сите ставови со кои владејачкото мнозинство се служи се неиздржани.

  • Во моментов се наоѓаме во една ситуација на една небиднина, секој нареден ден за власта е губење значително на гласови, начинот на кој тие го оправдуваат ова, наводно дека некој е против ЕУ – не држи. Затоа што многу е јасно дека во Македонија не постои ниту една политичка сила која ја спори европската интеграција. И мора да се оди на предвремени избори. Сигурен сум дека после изборите нема да дојдат ангели небесни на власт, но барем ќе заврши овој кошмар кој почна со објавувањето на првата бомба на Зоран Заев“ вели Боцевски.

Од друга страна, најголемиот дел од аналитичари сметаат дека претседателските треба да се случат заедно со парламентарните избори, за да се скрати двојниот трошок од државата каса.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста