Ковачевски и СДС не се веќе фактор, единствениот излез се избори

„Ковачевски и СДС не се веќе фактор, единствениот излез се избори“, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски цела година лаже дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени. Во петокот цела Македонија виде дека Ковачевски лажел. СДС и ДУИ не само што немаат легитимитет, и не само што немаа 80 пратеника, туку едвај имаа 70 пратеника. Пратеници од СДС и од нивната коалиција не се за уставни измени и тоа сите го видоа. Ковачевски и СДС не можат да ги убедат ниту сопствените пратеници. Ковачевски и СДС се дефакторизирани. Никој повеќе не ги слуша Ковачевски и СДС, ниту некому му е важно што тие мислат. Тие ја донесоа државата во ќорсокак и не се способни да ја извадат од таа ситуација, велат од партијата.

Од таму додаваат дека потребни се избори, како единствен начин за излез од кризата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста