Божиновски за Коридор 8: Власт која не е избрана на избори, не може да спроведува такви важни проекти

Во врска со Договорот со Бехтел и Енка во емисијата „За или против“ зборуваше архитектот,  новинар и туристички водич Вангел Божиновски. Тој смета дека власт која воопшто не е избрана на непосредни избори, не може да спроведува такви важни проекти. Според него сите контроверзи поврзани со Договорот, но и тоа што власта се правда дека се работело за класифицирани информации, покажува дека власта не се грижи што нанесува штета на народот.

„Ние се наоѓаме пред една власт која очигледно, не дека не го почитува овој простор и народ, туку како да го мрази, и воопшто нема грижа дека ќе има последици. Зошто? Затоа што зад нив стои некој друг кој ги гласа. Да не се лажеме дека ние некого сме избрале. Оваа гурпа на луѓе не се избрани од никого, туку само се донесени“ – рече Божиновски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста