Бајден побара двопартиска соработка за значајните внатрешно – политички предизвици

Претседателот Џо Бајден со порака за двопартизација на американскиот Конгрес во вторник навечер.

„Ако можевме да работиме заедно во последниот состав на Конгресот, нема причина да не можеме да работиме заедно и да најдеме консензус за важни работи и во овој состав“, рече Бајден.

Сегашниот состав на Конгресот кој сега е поделен меѓу мнозинството демократи во американскиот Сенат и мнозинството републиканци во Претставничкиот дом, законодавците не се согласуваат во целост со големите прашања што Бајден рече дека земјата треба да ги реши.

„Републиканците скандираа „Затвори ја границата, затвори ја границата“ без навистина да признаат дека тоа не е решение за проблемот. Мислам дека треба посериозно да гледаме на границата, на влезните пристаништа како аеродромите. Но, ние, исто така, мораме да се погрижиме и за нашите таканаречени „сонувачи“, оние, знаете, неколку милиони млади луѓе, некои од нив веќе сега возрасни, кои дојдоа во оваа земја не по своја вина“, рече демократот Марк Такано.

Републиканците велат дека барањето на Бајден за поголемо финансирање за границите ќе поттикне поголема миграција. Некои републиканци се скептични во однос на барањето на Бајден, плашејќи се дека тоа ќе биде искористено на начини што ја поттикнуваат, а не да ја одвратат миграцијата.

„Ако им дадеме повеќе пари, тие ќе ги искористат за калкулации и како да го олеснат процесот и со тоа да донесат повеќе имигранти, наместо да се запре имиграцијата и да се дестимулира, ете таму ќе се искористат тие пари“, вели републиканецот Брајан Бабин.

Бајден рече дека поддршката на Украина е клучот на американскиот национален безбедносен интерес.

„Се работи за углед пред светот, пред глобалната заедница. Ние се залагаме за демократија, ние сме светилникот на надежта за демократиите ширум светот. Мора да застанеме до Украина“, рече демократот Виценте Гонзалес.

Но, републиканците во Претставничкиот дом сакаат поголем надзор над американската помош во борбата против руската инвазија.

„Каков е планот? Да сугерираме дека тоа е од отворен тип бланко чек за Украина. И друга работа, кога испраќаме вооружување во Украина, немаме контролира каде оди таквото оружје“, рече републиканецот Рајан Зинке.

Републиканците, исто така, велат дека Бајден не реагирал брзо на осомничениот кинески балон за надзор што беше соборен минатата недела.

„Тој е внимателен. Тој не сакаше провокации, но со тоа всушност ги мотивира Кинезите да направат повеќе. Мислам дека тие во тоа гледаат слабост“, рече републиканецот Дон Бејкон.

Бајден тврдеше дека САД се во конкуренција – а не конфликт со Кина.

„Претседателот ја направи вистинската работа и чекаше балонот да го напушти нашиот брег и да биде на безбедно место за да го собори. И тоа го направивме, и мислам дека им покажавме на Кина, Русија и на светот дека ако дојдете и направите вакви маневри во нашата земја, дека ќе има последици“, рече демократот Висенте Гонзалес.

Поделениот Конгрес ќе се соочи со голем тест кон крајот на мај, кога ќе мора да се подигне износот или да се зголеми долгот за да се избегне неисполнување на обврските на владата.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста