Несуден новинар е вицепремиер, хирург ја води дипломатијата, и еден куп правници – кој е кој во владата?

Од новинар кој никогаш не работел новинарство до прв вице премиер на Владата, доктор изваден од операциона сала ставен на чело на  дипломатијата, а дипломат поставен за министер за правда, еден куп правници, неколку средовечни магистранти, какви се биографиите на лицата во Владата на Ковачевски?

Славјанка Петровска, министерката за одбрана по професија е дипломиран правник, кој со политчки поени станува прв човек за решавање на воени кризи, 40 годиншата Петровска моментално е на магистерски студии по управно право.

И на местото на министер за внатрешни работи кој треба да се грижи за безбедноста на граѓаните е поставен правник, министерот Спасовски завршил правен факултет на Универзитетот Кирил и Методиј, а и тој дури сега на 47 години е магистрант по управно право, што дефакто ги прави Петровска и Спасовски покрај политички колеги, и колеги на факултет.

Прв Заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби по професија е новинар. Груби докторира на Факултетот за социјални науки – политички науки  при Државниот универзитет во Тирана на тема „Улогата на медиумите во граѓанското учество во политичко – општествени промени.“

А хирургот по дигестивна хирургија, Бујар Османи е поставен на чело на министерството за надворешни работи. Османи има богата биографија, на само 29 години станува министер за здравство, за неколку години подоцна да седне на столчето за решавање на споровите со соседите.

Нов министер за правда кој треба да помине во Собранието е Кренар Лога од партијата на Таравари, а човекот кој треба да донесе ред во правосудството е магистриран дипломат. Работел и како службеник во општина Струга.

Фатмир Бесими е министер за финансии, тој завршил економски факултет, а се дообразовал во Англија. И новиот министер за здравство, имењакот на Бесими Фатмир Меџити кој треба да го замени Беким Сали, студирал надвор од Македонија, но не во Англија како Бесими туку завршил медицински факултет во Сараево, специјализирал во областа неврологија, а своевремено му беше и советник на неговиот партиски шеф Таравари кога тој беше министер за здравство.

Минстерството за транспорт и врски сеуште му припаѓа на Благој Бочварски, долгогодишен член на СДСМ кој по професија е инженер архитект.

Крешник Бектеши е првиот човек на министерството за економија, тој е магистер по менаџмент и стратегија , дообразованието го стекнува на Универзитетот Шефилд.

Главен во министерството за земјоделство е Љупчо Николовски, и тој правник, по финансово право, моментално покрај минситерските функции, заедничко на Николовски со Спасовски и Петровска е тоа што и тој сега е во процес на магистирање.

На местото на Нуредини, односно министер за животна средина треба да седне, Каја Шукова која по професија е инженер технолог. Минситерството за информатичко општество треба да му припадне на Азир Алиу кој е доктор по информатички работии.

Со Министерство за труд и социјална политика раководи Јована Тренчевска ,  која е магистер по социолошки науки.

А министерот кој се мачи во сред наставна година да обезбеди книги за учениците, Јетон Шакири е магистар во економски науки.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов стана министер за локална самоуправа, на официјалната интернет страница на Владата за него нема никаква инфомација, дури ни фотографија.

А пратеничката која со скафандер гласаше во Собанието , стана министер за култура, таа докторирала на Педагошкиот факултет, во Битола, а таму и предава англиски јазик.

Останува да видиме дали доколку Ковачевски прави повторно нови промени, на министерските функции ќе дојдат лица, адекватни по професија за вршење на должноста или пак ќе пресудат блиските контакти и лични односи со шефот на владата?

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста