Странските водичи ја извртуваат македонската историја-тврдат од Асоцијацијата на туристички водичи

Странски туристички водичи ја извртуваат историјата на Македонија, зависно од каде доаѓаат со туристичките групи, предупредуваат од македонската асоцијација на туристички водичи. Бугарија, Грција, Турција – на земјите од регионот Македонија во последниве години им е се повеќе атрактивна за туризам, но никој не контролира кој и како ја раскажува историјата бидејќи не се почитува Законот за туристичка дејност, предупредуваат од Асоцијацијата. Странските агенци ги заобиколуваат локалните македонските туристички водичи, иако тоа им е законска обврска, обвинува потпретседателот на македонската асоцијација за туристички водичи. Апелира, државниот пазарен инспекторат да преземе мерки.

Охрид, најатрактивната македонска дестинација за странски туристи во екот на сезната е преплавен со туристи и водичи од странство. Садиковиќ вели дека се случува водичи од Макеоднија да се очевидци на тури каде нивните колеги од странство во зависност од која земја доаѓаат така ги раскажуваат историските факти. И не само во Охрид. Според искуствата на водичите, тоа се случува и во главниот град, а особено во музеите и покрај статуите кои сведочат за историјата на Макеоднија.

За разлика од лани, годинава Македонија бележи раст на странски и домашни туристи. Државниот завод за статистика регистрираше во април годинава речиси 70.00 туристи, од кои 25.8 % се домашни туристи, а 74.2 % се странци. Во периодот јануари – април годинава, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 24.3%. 

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски пак вели дека во нашите музеи и локалитети нема доволно кустоси, и тоа е причината зошто странски водичи на туристичките групи им раскажуваат поинаква историја.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста