Алфа сторија: Падна Струмица – бастионот на СДСМ и Заев

Алфа сторија: Падна Струмица – бастионот на СДСМ и Заев

Падна бастионот на СДСМ во четвртата изборна единица. Струмичани во првиот круг од претседателските избори,  ја казнија партија на која цели осум години, претседател беше нивниот сограѓанин и поранешен премиер на државата, Зоран Заев . Овде, кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, со 2800гласови повеќе, го победи Педаровски.

  „  Некогаш бевме држава производител на храна, а сега сме увозници на земјоделски производи. Незадоволството, стандардот ни опаѓа. Големо незадоволство има. Нискиот стандард, масовното иселување.Тоа е во сите градови, народот се презасити и затоа бара нови, промени„ велат анкетираните струмичани..

Неисполнетите ветувања, за струмичани се причина за изборниот дебакл на Пендаровски. Велат, назима се гушат во смог, а налето кукат бидејќи родот им скапува по нивите. И покрај тоа што премиер беше нивни сограѓанин,  проблемите им се неререшени.

  Овде на стотина метри се наоѓа семејната куќа на Зоран Заев.  Струмичани велат дека одамна го немат видено како шета по струмичките улици .

 Последен пат  пред јавноста Заев се појави во предизборен спот со поддршка за Пендаровски.  Надежта дека би можеле да го сретнеме не однесе и во локалот за кој велат дека му е омилен, но и таму одамна не бил.  За таканареченото „исчезнување„ на поранешниот лидер на СДСМ меѓу струмичани веќе има теории, а една  е, дека не е во државата..

, не сме го виделе, ама вчера потслушнав дека низ градот се зборувало дека итно заминал за Америка. Е сега каде оди и што прави ние не знаеме„велат струмичани

Од Струмица, екипата на Тв Алфа тргна кон Муртино.  И во  родното село на Заев,  Силјановска Давкова води со 109 гласови. Мештаните не беа расположени да зборуват пред камераа, но како што објаснуват и овде негрижата на локалната власт која е во рацете на СДСМ е причина, за ваквиот изборен резултат.

   ….Ајде одете надолу кај продавницата , не не снимајте нас. ….видете што е овде. Вадите по улиците се полни, се слушаат жаби. Снимајте да видат што е направено, па ќе сакаат да ги гласаме„ коментираат жителите на Муртино.

 Струмица и струмичко иако важеа за сигурна гласача машинерија на СДСМ, во првиот круг целосно изненадија. Новаци, Босилово, Василево и Ново Село се општините во четвртата изборна единица каде Пендаровски помина најлошо.  Овде  во оваа изборна единица разликата е 41.541 глас во полза на Силјановска-Давкова.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста