Зошто токму судијката Весна Димишкова, што го спаси Заев од „поткуп“ го прати во домашен притвор Рашковски?

Рашковски веќе два дена е во домашен притвор, а се уште не запираат реакциите во јавноста, по одлуката на судот наместо ефективен, на екс генералниот секретар да му се одреди мерка домашен притвор. Сомнежите и шпелукациите се се погласни особено ако се земе предвид фактот дека токму контроверзната судијка Димишкова е онаа која  беше судија на претходна постапка на Рашковски.

Како се погоди баш судијката која го ослободи Заев за предметот Поткуп да се падне и за случајот кај Рашковски е прашање за милион долари. Според судот судија на претходна постапка се доделува според АКМИС системот, па така се погодила токму Димишкова.

Можни ли се злоупотреби на АКМИС системот, како што веќе имаше во минатото, па беа направени и законски измени?  Која е гаранцијата дека и овој пат не се работи за манипулирање на акмис –от?

Името на Димишкова покрај ослободителната пресуда “Eвро за Вицето” е судијка чие име се споменува во случајот Рекет, преку нејзиниот брат адвокат. Наместо да биде суспендирана, таа и понатаму е судијка и тоа во вакви скандализирани слуачи, реагираат дел од политичките партии.

Реакциите на јавноста не се поврзани само со вклученоста на Димишкова во случајот за Рашковски, туку и со името на обвинителката Трајчева, која според судот не доставила доволно докази за екс генералниот секретар да биде испратен во затворски притвор. Особено ако се земе предвид фактот дека во поголемиот дел од предметите каде таа е обвинител доминираат ефективните притвори, како на пример за Шпански скали, и двата случаи за 27 април.

Дополнителна дилема во делувањето на Трајчева фрла и фактот што нејзиниот брат е човек близок на СДСМ особено на претходното раководство на партијата. Тој е поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт во времето на владеењето на СДСМ, а против него имаше отворено и истраги за злоупотреба на службената положба, своевремено.

Тој се сомничеше дека сторил криивчно дело “царинска измама” за време на неговото директорување каде со давање на лажни податоци избегнал цариснки и други давачки во вредност од над 2 милиони денари за набавка на спортска опрема. Неговото име беше поврзано и со наводното незаконско издавање на хотелот Магнус во Охрод за неверојатни 287 евра месечно. Обинувањата беа дека Трајчев го издал објектот под закуп, и тоа за период од 15 години, кога Агенцијата водела судски спор со Младинскиот совет на Македонија во охридскиот Основен суд за правото на сопственост над хотелот.

Трајчева пред медиумите најави жалба оти Рашковски не добил ефективен притвор, но всушност со недоставувањето на доволно докази го спаси од зад решетки.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста