Зошто судот не ги „есапи“ мислењата на антикорупционерите и невладините за случајот „Топлик“?

Судијата  Осман Шабани контра Антикорупционерите. Во случајот „Топлик, тој  одлучи да не го почитува мислењето на Анткорупциската комисија . Одбраната побара став од антикорупционерите  дали Борис Тунџев може да биде вештак во овој случај. Мислењето на ДКСК беше дека не смее и дека има судир на интереси поради тоа што Тунџев истовремено е и директор на Агенцијата за катастар на недвижности.

Според Антикорупциска, наградата што би ја добил вештакот, не спаѓа во приходи кои службеното лице, во случајов- директор, може да ги остварува. За  судијата Шабани ова мислење беше неважно, со став дека „Антикорупциска не била надлежна за спроведување на законот“.Претходно одбраната образложи зошто вештакот мора да биде изземен.

Антикорупционерите, не се единствените кои ја ставаат под сомнеж одлуката на судијата Шабани. Коалицијата  „Сите за правично судење“, алармира дека вештиот наодот  на Обвинителството, кој што претходно судот го одбил како незаконски, бидејќи лиценцата на вештакот била истечена, го прифатил новото барање на застапникот на обвинението за изготвување нов вешт наод од страна на истото вешто лице за кое обвинителот тврди дека дозволата за работа во моментов му е валидна.

  • Ваквото постапување на судечкиот совет освен што не е целосно во корелација со одредбите од Законот за кривичната постапка во делот на надлежностите за начинот на кој судот може да издаде наредба за вештачење, истото влијае и на непристрасното водење на постапката. Она што дополнително остава „дамка” на водењето на оваа кривична постапка, а во насока на повреда на правото на фер и правично судење, согласно меѓународните стандарди со кои им се гарантира правото на обвинетите во текот на судењето, да ги уживаат сите права согласно Уставот, законите и меѓународните конвенции, е фактот што согласно закон, предвидено е дека судот може да издаде наредба за вештачење на начин што вештакот го определува по електронски пат, со примена на правилото на „случаен избор” од регистарот на вештаци, во присуство на двете странки, односно на јавниот обвинител и бранителот. Што овде не е случај, бидејќи новото вештачење е изготвено од страна на истото вешто лице определено од страна на судот- стои во извештајот на КОАЛИЦИЈА ЗА ПРАВИЧНО СУДЕЊЕ.

Алфа побара став од вештакот Борис Тунџев, кој рече да му се обратиме на меил, но истиот не ни го даде, туку не упати да го побараме таму каде што требало. Алфа го побара меилот на Тунџев и на официјалната страница на Агенцијата за катастар на недвижнини, каде тој е директор,  и на Министерството за правда, каде има официјална листа на вештаци, но меилот на Тунџев никаде не е заведен. Дополнително на веб-станицата на Министерството за правда, во информациите за Тунџев, е  наведено, на кој датум му е издадена дозволата за работа како вештак, односно на 20 декември 2011година. Вештачењето на Тунџев ќе биде на седми јули, кој пак вештиот наод го изготвил за еден ден за што алармира одбраната.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста