Остри критики на адреса на ЕУ-Заев бара датум на есен, Рикер притиска Брисел да го исполни ветеното

Последните одлуки на ЕУ за Македонија и за Албанија го поткопуваат кредибилитетот на Унијата,а тоа испраќа погрешен сигнал со што се јакнат перцепциите во Западен Балкан дека ЕУ го напушта регионот, изјави денеска помошникот државен секретар на САД за Европа Филип Рикер. На заедничка прес конференција со премиерот Зоран Заев во рамките на Преспа форумот, Рикер со сериозни критики за односот на ЕУ кон регионов ги повика земјите членки да ја одржат првата меѓувладина седница без одложување. 

Вината за неуспешниот обид за добивање на датум за преговори Заев и ја препиша на Европската Унија. Од форумот во Охрид ги искритикува европските челници дека не го исполниле ветувањето. Заев вели дека нема да отстапи од изнаоѓање заеднички прифатливо решение со Бугарија засновано врз европски вредности и стандарди. Побара на следниот состанок наесен да испорачаат датум за преговори.

Словенечкиот претседател Борут Пахор чија земја го презема следното шестмесечно преседавање со Унијата порачува декае подготвен на се за да биде деблокиран процесот на интегразции на Македонија, па дури и да разговара со бугарските власти. Предупреди дека нема подржат никакви промени на границите.

Критики на адреса на ЕУ за неуспешниот обид за тргање на бугарското вето стигнаа и поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан.

Од дводневниот форум во Охрид и македонскиот претседател Стаево Пендаровски и замери на ЕУ, порача дека кога станува збор за Македонија и нејзиниот пат кон европското семејство, Европската Унија не е способна сама да го предводи изодувањето. Неговиот заклучок е дека Западен Балкан особено во изминатата деценија заостанува зад ЕУ повеќе отколку во 2000-та година.

Високи регионални, европски државници и претсатвници од САД два дена во Охрид разговаа за состојбата во која се наоѓаат земјите од Западен Балкан, но и перпективите за подобра соработка.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста