Алфа ЕКСКЛУЗИВНО: Извештајот на ЕУ за Македонија досега најкатастрофален

Алфа ЕКСКЛУЗИВНО: Извештајот на ЕУ за Македонија досега најкатастрофален

Македонија нема никаков напредок во борбата против корупција, го злоупотребува инструментот „европското знаменце“, има низа скандали во правосудниот систем, прави измени на кривичниот законик кои не се во насока на борба против организираниот криминал. Жешка шлаканица од Брисел за владата.

ТВ Алфа од извори во Брисел стигна до извештајот за напредокот на Македонија, ден пред неговото официјално објавување. Во него, скоро и да не постои област во која Европската Комисија не забележала стагнација или уназадување, иако власта секојдневно ја убедува јавноста дека посветено работи на таканаречената „европска агенда“.

  • „Не беше постигнат никаков напредок во борбата против корупцијата. Корупцијата останува распространета во многу области и е загрижувачко прашање. Се зголемија одложувањата на судењата на случаите на корупција на високо ниво, што резултираше со истекување на рокот на застареност на некои случаи.“ – Пишува во извештај на Европската комисија за Македонија.

Европската Унија посебно ги нотира и измените на кривичниот законик по брза постапка, со злоупотреба на „европското знаменце“ и без никаква јавна дебата.

  • „Максималните законски казни за конкретни кривични дела поврзани со корупција беа намалени, што имаше импликации врз примената на застареноста и влијаеше на голем број тековни случаи на корупција на високо ниво. Ова ја попречува способноста на властите да ги истражуваат и гонат таквите прекршоци во иднина. Ова е прашање на сериозна загриженост.“ – Стои во документот до кој дојде ТВ Алфа.

За правосудниот систем, извештајот се осврнува на судскиот совет, за кој пишува дека „контроверзното разрешување на претседателката на Судскиот Совет, создава загриженост за политичко мешање“.

Во документот детектирани се и други бројни политички мешања и скандалозни одлуки на судовите.

  • „Генерално, нема напредок во зајакнувањето на судската независност и подобрување на правната рамка за заштита на основните права.“ – Стои во извештајот.

Во документот, меѓу другото, стои и дека нема напредок во спроведување на изборните реформи и препораките на ОБСЕ/ОДИХР, дека сивата економија останува сериозен проблем, а нотирана е и загриженост поради договорот склучен во четири очи за изградба на автопатите од коридорите 8 и 10-Д.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста