Зејтинот од утре во продавниците по цена од 150 денари

Масло за јадење ќе има ама од утре и ќе чини од 135 до 150 денари за шише, предвидуваат производителите.  Оваа цена е поради тоа што немаат доволно сировина за производство, а принудени се да набавуваат  поскапо од останати пазари, откако Србија не дозволи извоз на нерафинирано масло за јадење.  Во следниот период, не се очекува стабилизација на цените , не само на маслото туку и за храната.

 Моја груба проценка. Цената на зејтинот ќе биде меѓу 2,20 – 2,40 евра или максимум 2,50 евра и ова цена ќе се задржи, особено по празниците. Ќе има и доволно количини масло за јадење во маркетите. По празникот цената ќе се стабилизира и маркетите ќе бидат полни со масло за јадење. Оваа криза ќе потрае и треба конечно да почнеме дома да произведуваме, вели Горан Лазов, генерален директор на фабриката „Благој Ѓорев“.

Надлежните пак продолжуваат со  уверување дека состојбата е стабилна и дека нема потреба од паника и  веќе од утре ќе имало масло за јадење на рафтовите.

-Зејтинот е тука според последните податоци од Царинската управа имаме увозено и сурово масло и рафинирано масло посебно од Србија преку денешниот ден околу 800 тони, потрошувачката би била 2000 тони. За 10 дена се задоволенит потребите на македонскиот пазар и веќе се најавени дополнителни количини и на сурово, рафинирано масло од Р.Србија. Домашните компании имаат соодветни залихи . Од утре веќе од задутре веќе ќе имаат масло за јадење, истакна Бектеши.

Вчера во земјава од договорените 2 милиони литри рафинирано масло за јадење од Србија пристигнаа околу 48 илјади литри, а денеска се очекуваат уште толку.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста