По скратена постапка или со европско знаменце – пратениците од власта во трка со времето да донесат што поголем број на закони до локалните избори. Ако лани во Парламентот биле донесени 65 закони речиси сите поднесени од владата или од мнозинството, главно користејќи го европското знаменце за да се заобиколи постапката, до септември годинава пратениците се ставиле на брза лента и донесени се дури 165 закони.

Јавноста бурно реагира дека се штанцаат закони кои и одат во прилог на власта, но не и оние за кои со месеци чекаат граѓаните. Социјалните мрежи веќе залепија етикета дека македонското Собрание е нефункционално за обичниот граѓанин. Но Џафери не гледа проблем- Собранието било ефикасно, проблем биле Собраниските Комисии.

Според собраниската статистика дури 19 седници од почетокот на овој мандат, кои се започнати се уште стојат во фиока, а по 87 точки никако да почне расправа.

А во кампања за градоначалничките фотењи се впуштиле дури 10 пратеници од актуелниот состав на Парламентот. Според пријавите четири од нив се од ВМРО-ДПМНЕ, тројца од СДСМ и тројца од редовите на БЕСА. Од нив двајца се и претседатели на Комисиите во кои собранискиот Спикер впери прст дека се одговорни за неработењето на законодавниот дом.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста