Захариева: Македонија јасно да каже дека нема малцински и територијални претензии

Македонија да се откаже од тврдењата за македонско малцинство во Бугарија и да декларира дека новото уставно име не е поврзано со малцински претензии.Ова е еден од условите на Бугарија за да не стави вето на преговарачката рамка за Македонија. Освен ова Софија инсистира и на формулации за јазикот слични на оние во Договорот за добрососедство кој е потпишан на официјалните јазици на двете држави. Или пак да признаеме дека македонскиот јазик има корени од бугарскиот. Министерката Захариева по средбата со Османи и Димитров во берлин откри дека источниот сосед не е подготвен се уште да одобри почеток на преговорите со Македонија иако има мал напредок. Захариева бара и поинтензивна работа на историската комисија и за изполнување на стратеки проекти.

“Работиме на отстранување на преостанатите барања на Бугарија во преговарачката рамка, кои што се врзани со гаранции, со одобрение за дејствување за исполнување на договорот од 2017 година. Бараме јасно декларирање и во преговарачката рамка и од страна на Македонија, дека нема да се поддржуваат претензии за малцинство од државните институции”, изјави Захариева.

И бугарскиот министер за одбрана Каракачанов како што пренесуваат медиумите изјавил дека довербата на Бугарија кон македонија е изгубена и единствено решение е писмен анекс на Договорот за добрососедство. Во спротивно со било каков компромис Бугарија според Каракачанов не може да ја поддржи евриопската перспектива на Македонија

За разлика од експлицитните ставови на бугарските претставници, македонската влада информира во позавиена форма. И се заблагодаруваат на Германија за ангажманот во односите меѓу Скопје и Софија. Ги почитуваме и посветени сме на договорот од 2017 година кој нуди рамка и инструменти за менаџирање на билатералните прашања.  Убедени сме дека нашите три цели : грижата за националниот интерес и правото на самоопределување на македонскиот народ, нашата европска иднина и отворањето на пристапните преговори со прва меѓувладина конференција во декември и добрососедските односи врз основа на взаемно разбирање и почитување, не само што не се спротивни една со друга, туку се целосно компатибилни, велат од владата

За односите Македонија-Бугарија телефонски разговараа и шефот на државата Пендаровски и германскиот претседател Штајнмаер.

Градимир Марковски