Заев си вози мотор без кацига, додека МВР пишува стотици казни дневно- ќе биле ли казнет и премиерот?

Премиерот Заев по се изгледа нема страв од засилените полициски контроли низ целата држава, па без заштитна кацига си вози мотор во центарот на Скопје, се гледа на видео објавено на социјалните мрежи. Додека МВР секојдневно се фали дека со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот, се пишуваат повеќе од 500 казни за разни прекршоци во сообраќајот, се поставува прашањето дали премиерот Заев заработил казна или пак успеал умешно да ги избегне полициските патроли низ Скопје, возејќи мотор без целосна заштита.

Ваквиот потег на премиерот Заев е казнив согласно член 99 став 1 и 4 од Законот за безбедност во сообраќајот.

-Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот, пишува во член 99 став 1 од Законот за безбедност во сообраќајот.

-Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот и лицата кои постапуваат спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член, пишува во член 99 став 4 од Законот за безбедност во сообраќајот.

Токму безбедноста и почитувањето на правилата во сообраќајот се еден од клучните приоритети кои министерот Спасовски ги соопшти по враќањето на челното место во МВР.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста