Тројца патници тестирани за корона вирус, резултатите негативни

Тројца пациенти попладнево се тестирале за корона вирус на Клиниката за инфективни болести, соопштија вечерва Министерството за здравсво. Станува збор за тројца македонски државјани кои се вратиле од ризичните подрачја, двајца биле во Италија, еден во Шпанија. Разултатите за тројцата се негативни, информираат од Министерството.

Засега во земјава има само еден пациент заразен со Ковид -19. Се работи за жена која на 26 минатиот месец се вратила од северна Италија.

Во меѓувреме, двајца лекари кои биле на конгрес во Шпанија се во домашна изолација.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста