Поради страв од вирусот Ковид-19 Австралијанците се тепаат за залихи и ги празнат маркетите (Видео)

Поради страв од Ковид-19 Австралијанците се тепаат за залихи и ги празнат маркетите (Видео)

Стампеда на луѓе кои панично бараат залихи по маркетите станаа честа глетка во повеќе делови на Австралија.

Луѓето поради тоа започнаа и да се однесуваат насилно, а ситуацијата ескалираше на една локација во Сиднеј. Таму настанала кавга за тоалет хартија, а за малку не заврши трагично, откако еден од купувачите во паника извадил нож заканувајќи му се на друг купувач.

Според извештајот на локалната полиција, судирот се случил меѓу еден маж и една жена во супермаркет, но, за среќа, во метежот никој не е повреден.

„Настанала кавга поради тоалет хартија, а некој потоа извадил нож и луѓето започнаа да трчаат наоколу. Сѐ се заврши за неколку моменти, а обезбедувањето веднаш пристапи, набрзо и полицијата која разговараше со жената“, вели сведок на настанот.

И покрај апелите на надлежните дека не е потребно да се собираат залихи, купувачите не го послушале советот.

Изминатите денови се појавија и снимки од некои други маркети, на кои исто така може да се забележи како луѓето панично бараат тоалет хартија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста