Заев бара поинтензивни средби со Бугарија, но упорно молчи за отстапките што ги нуди во име на Македонија

Во очи на јунскиот Самит на Унијата  на кој се очекува и одлуката за интеграциите на Македонија, официјална Софија ни оддалеку не најавува менување на цврстите позиции, ама премиерот Зоран Заев брои денови и најавува интензивни средби со тамошните челници. Бил спремен да ја моли Бугарија за да ги промени европските манири, оти тоа било во духот на добрососедските односи.

По шокантните информации кои ги објави опозицијата за тајните средби на Заев и Бучковски во Софија на кои се кроел патоказ за европскиот пат на земјава, ама на штета на македонската страна, тие повторно бараат одговори од Заев дали на маса е бугарската декларација, за на мала врата да ја поништи нацијата..

-Заев да каже дали на маса е бугарската декларација, за на мала врата да ја поништи нацијата. Бугарската декларација го негира македонскиот идентитет, историја и јазик. Тоа Заев во минатото јавно неколку пати и го прифатил. Заев јавно кажа дека македонскиот и бугарскиот народ се исти и дека зборуваат ист јазик. Заев кажа нешто што најголемите бугарску националисти не можеле ниту да го замислат. Заев удри и по темелите на македонската историја. Заев јавно кажа дека Делчев е личност на заедничката историја. Заев ги урна македонските позиции, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

И по речиси еден месец, се уште не разбравме какво решение понуди европскиот пакет на Вархеји и Силва, а што ќе и донесе добро на Македонија.

Инаку, дел од документот на бугарското Собрание за кое предупредува опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, се оспорување на генезата и посебноста на македонскоит јазик, ревизија на историјата и периодот на нашата антифашистичка борба, како и присвојување на важни личности од македонската историја како бугарски. Токму ова е причината и за бугарското вето од минатата година, со образложение дека Македонија како земја која сака да биде дел од големото европско семејство не ги почитува одредбите од Договорот за добрососедство. 

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста