Аларм за спас на туристичкиот сектор, работници нема, газдите спас бараат во Африканци и Индијци

Луѓе од сиромашните земји ќе доаѓаат на работа во македонските туристички центри,највеќе од африканските земји и Индија.Проблемот со недостаток на работна сила во туризмот е актуелен години наназад,но корона пандмијата ја дотолчи фелата. Туристичкиот сектор е уништен, најбрзорастечката гранка од економнијата е на дното.На прагот на летната сезона угостителите и хотелиерите се соочуваат со недостаток на работна сила.Наместо низ годините да се инвестираше во квалитетен кадар, сега хотелиерите и угостителите обезглавени чарето го бараат во африканските и азиските земји. Најголем проблем во туризмот е тоа што не постои менаџерство-велат експертите.

-Сите мислат дека може да имаат хотел, сите мислат дека можат да имаат ресторант, а не прават едноставно никаква калкулација.Затоа што во денешно време со 200 евра еден вработен не може да чува фамилија и да има нормална егзистинеција.Мора да се има во угостителството најмалку 400 евра плата, е сега најголем проблем е што тие не прават бизнис план.Ќе дојдеме до момент каде што ќе немаме кадар и ќе треба да викнеме црнци тогаш ќе направиме најголем проблем кога ќе се измешаат културите, вели професор доктор Ангела Пасквал.

-Очигледно дека туристичкиот сектор се покажа дека е прилично нестабилен, во смисла на трајно вработување и голем дел од младите разбирливо се обидуват својот работен капацитет да го продадат на пазирите во регионов-велат од еснафот на угостители.

Се прават напори да оној дел што го викаме неквалификуван , а има желба за работа некако на брзина да го вметнеме во колосек, да го обучиме за да може да ги обавува посакуваните работи.Но како ќе излезе сето тоа, ќе се стрпиме и ќе видиме,се надеваме дека сме добри во импровизации како други години, изјави Михаил Мишев.

Во секорот туризам во Македонија беа вработени околу 25.000 лица,но последниве години,повеќето од нив заминаа на работа во странство.Конкретно ова лето,Хрватска нуди плата од 1000 евра месечно,но и други бенефиции на сите заинтересирани кои се подготвени да ги покажат своите кулинарски вештини.Примамливи се понудите и во Дубаи каде исто така заминаа многу угостители, велат нашите соговорници.Жалосно е што сега македонските туристички центри ќе мора да импровизираат со неквалификуван кадар-тоа ќе биде очајна слика,додаваат тие.

Росица Голабоска