Индискиот сој на Ковид-19 детектиран во Македонија

Опасниот индиски сој на Ковид 19 стигна и во Македонија. Пациентот во земјава пристигнал од Ирак, каде веќе се лекувал од корона вирусот и со возило на итна помош бил префлен во приватна клиника. Веста ја потврдија од Министерството за здравство од каде смируваат дека пациентот бил веднаш изолиран и е на болничко лекување.

„Пацинетот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспиталзиран. Кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата. Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик“, велат од Министерството за здравство.

И додека опасниот корона сој им се заканува на македонските граѓани, обемот на вакцинација наместо да се засили, во последниве две недели се одвива со намелен интензитет. Едвај по околу 2000 граѓани дневно ја примаат првата доза од анти ковид вакцината, а на најголем дел од вакциналните пунктови се врши само ревакцинација според закажаните термини.

Во недостиг на вакцини, македонските граѓани спас бараат на вакциналните пунктови во Србија. Близу 1000 граѓани само вчера и завчера првата доза од анти ковид вакцината ја примиле во пунктот за вакцинација во Врање. Српските власти дозволија македонските граѓани со вакцина по избор да се вакцинираат секој ден од 8 до 20 часот на трите вакцинални пункта во Врање, Ниш и Нови Сад.

Во меѓувреме, надлежните со најава полицискиот час да продолжи до 15 јуни. Иакосе навестуваше дека поради подобрената епидемиолошка состојба, Комисијата за заразни болести размислувала да го укине полицискиот час, министерот за здравство Филипче, побарал од Главниот кризен штаб, мерката за забрана на движењето од полноќ до 4 часот наутро, да биде продолжена до средина на месецов.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста