За прослава на Рамковен половина милион евра, не се знае колку ќе има за Илинден и осми септември

Додека за одбележување на Охридскиот рамковен договор Владата обезбеди половина милион евра, останува не познато колку пари ќе бидат обезбедени за втори август, кога се одбележува Илинден и осми септември, кога се одбележува јубилејот 30 години независна Македонија.

Токму за ова прашања поставивме и до Владата, но одговор се уште нема. Ако се погледнат одбележувањата на осми септември минативе барем две години, истите беа многу поскромни. Лани може како оправдување да биде пандемијата, но какво е оправдувањето за пред две години, кога наместо на преполн плоштад како што се случувало низ годините прославата беше на многу помал простор, пред Школка во скопскиот градски парк.

Состојбата иста е и со втори август, исто лани поради пандемијата прославата во Крушево на Мечкин Камен беше скромна, но зошто пак беше таква и во 2019-та, ниту малку слично како претходни години, кога прославата била многу поеуфорична.

Досега она што е познато за осми септември е какво ќе биде логото за прославата на осми септември, а истото предизвика бура реакции во јавноста, поради тоа што граѓаните кажаа дека било згрешено македонското знаме.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста