Втора кривична пријава за директорот на струшката болница и гинеколог, Мухамед Асани

Откако се роди мојата ќеркичка Амила, јас повеќе не сум истиот човек, ја изгубив присебноста-катаден немоќен го гледам своето сега веќе две годишно дете, кое не нити зборува, нити ме распознава мене, мајка си и братчето.Таа е како цвеќе кое ние го негуваме-вака ја почнува својата исповед Бајрам Несимоски од Дебар,според кого лекарска грешка е причината за состобата во која се наоѓа  девојчето.

Се започна вели на 26.12. 2018-та кога при последниот преглед пред породување матичниот лекар кој ја водеше уредната бременост на сопругата,ни кажа веднашда заминеме во струшката општа болница бидејќи папопчната врвца се замотала околу вратот на бебенцето. Тогаш вели за прв пат се сретнав со гинекологот,доктор Мухамед Асани кој ја прими сопругата.Му дадов 6.200 денари за некое апче за полесно породување и повеќе не го видов со часови-раскажува Бајрам

 -Му кажав што е проблемот и тој ми рече вашиот доктор ништо не знае, немој да се секираш.Малата си игра со папочната врвца.Од тоа време од 14 часот до 21ч навчер нема превземено тотално ништо.И кога часот  беше можам да ти речам 21.30-21.45 ч излезе надвор,ми ги врати парите се тресеше како некој убиец ако имате некаде видено.Ми рече еве ти ги парите нема потреба од пари, свршивме работа и ја затвори вратата.Јас мислев жената отиде искрено зошти парите беа за жената не за малата,парите за апчето, изјави Бајрам Несимовски

Од моментот на раѓањето на малечката Несимоски тврдат дека се по болници,причината за здравствената состојба на бебето им ја откриле лекарите од скопскиот Клинички центар. По пораѓањето бебето не заплакало 45 минути затоа што папочната врвка била обмотана околу вратот-им објаснале лекарите.

-Предизвикана е афиксија задавена е,оставена без кислород, тоа го има и на документот.На 02.07  бев да земам историјат за малата што се дешавало од 14 ч до 22 ч вечер за да продолжам со натамошно лекување или тужење,тој документ не ми е доставен уште.Во каква состојба е малото ? Само што дише и јаде со маки,ништо не знае, нон стоп в раце ја чувам тоа е, изјави Бајрам Несимоски

И додека Бајрам Несимоски е решен целиот случај да го истурка до крај,актуелниот директор на струшката општа болница доктор Мухамед Асани кој го извршил подородувањето не признава вина.

-Работев совесно заедно со уште двајца гинеколози и хурурзи.Нека извршат стручен надзор од лекарската комора и нека го испитаат целиот случај-вели за Алфа др Асани ,кого за лекарска негрижа го обвинува уште една родилка од Дебар.Таа тврди дека од операција излегла без јајник,матка и бубрег.И за овој случај доктор Асани не чувствува вина, напротив вели дека на родилката и го спасил животот.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста