Започна сезоната на белите спортови на Баба планина

    Неколкудневните врнежи на снег во Битола и на планинскиот масив на Баба планина, ги потгреаја надежите на битолчани дека може да се спаси барем дел од симската сезона и дружење со белите спортови. Ски – центарот “Ниже  поле“  сиот побелен и распослан на еден дел од планинските вертикали, со вчерашното пробно возење и контрола на жичарницата, покажа дека вратите се отвораат за скијање, лизгање и рекреација, дури и покрај студените утра со кочан- зима.

  • Ниту ниските темпратури кои достигнаа до минус чтиринаесет степени под нулата ова утро, не беа причина даги поколебаат битолчани да дојдат денеска на Баба планина и во ски- центарот “Ниже поле“. Блеите спортови, конечно, си дојдоа по своето за радост на сите граѓани од овој регион.

Денеска, речиси сите, од најмлади до највозрасни беа во едно еуфорично расположение, па никој не го одбегнуваше  објективот на нашата камера.

  • Малку да смениме, друга околина и поради зимската идила овде оти е прекрасно- рече еден битолчанец.- заради децата, најсикрено- рече друг. – Првиот снег многу не израдува, го чекавме долго и го дочекавме.- среќна сум дека пак скијам и што заврна снег.- Супер е , народ, гужва полно е и дечките сега ќе скијат- Фалеше малку расположение, колку да живни народот- се  редеа еуфорични изјави.

Организаторите од ЈП “Стрежево“, ги направија неопходните подготовки и “Ниже поле“ во наредниот период ќе биде врталиште за повеќе генерации битолчани.

  • Негде има наврнето 50 см снежна покривка и тоа веднаш резултираше  кај сите луѓе од околината и регионот да дојдат. Навистина сме посетени оти сите го посакуваат снегот, а на располагање ни се двата ски- лифта со капацитет со 70о0 скијачи на час- рече Горан Марковски, раководител на ски- центарот “Ниже поле“.

Синоќа, дури имаше и пробно ноќно возење, кое на љубителите на ноќни забави ќе им овозможи една сосема друга димензија, секогаш поскаувана во белите зимски ноќи.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста