Во СДСМ се гласаше, а не се избираше- тоа е далеку од демократизација и европеизација

СДСМ со внатрепартиските избори со кои членовите дирекно го бираат претседателот на партијата дополнително се европезира, бар така тврдат од партијата. Но дали е навистина така? Оти на избирачкото ливче имаше само едно има, односно името на Заев.  Дел од аналитичарите велат тоа не се избори.

Вчера, во организација на СДСМ, се одржа необична манифестација. Наместо избори, одржаа гласање. Кога има избори, има повеќе кандидати. За разлика од изборите, на гласањето нема повеќе кандидати. Има само еден за кого го даваш својот глас. Нема тука што да и з б и р а ш! Оди дома и таму бирај колку ти душа сака. Овде ќе молчиш и ќе г л а с а ш! Гласањето е длабок демократски процес, по чие завршување се радуваш како дете – си се победил самиот себе, вели Цуцуловски.

На речиси иста линија е и аналитичарот Владимир Божиновски.

Но според Божиновски поалармантно е тоа што Заев сега спроведува партиски избори, оти во пракса во Европа такви потег доаѓа после избори. Со ова сега вели аналитчарот Заев добива легитимитет од членовите,  ќе може да расчисти со неговите неистомисленици во партијата, со што ќе се намали квалитетот на истата што ќе влијае на целокупниот политички корпус.

А старо-новиот лидер на СДСМ Заев, веќе и најави дека на пролет ќе има преструктуирање на партиските кадри.

За  Божиновски несфатливо е и  дека во време на пандемија СДСМ организира избори и тоа со користење на државни ресурси.

По бројните фотографии објавени на социијалните мрежи и реакции дека се користат државни ресурси, за партиски цели од СДСМ демантираа дека се користеле училишта и општински сали.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста